Таа нивна битка на Олимписките игри датира од полуфиналето во Пекинг 2008. Тука Рафа има 22, а Новак 21 година. Шпанецот победи 2:1 и се пласираше во финале каде го совлада Чилеанецот Фернандо Гонзалес и тоа му е единствен златен олимписки медал. Ѓоковиќ остана на бронзата.
16 години подоцна ќе ги гледаме во второто коло во Париз и ова може да им биде последно соочување. Се работи за дуел број 60. Ѓоковиќ води 30:29. Спектаклот стартува во 13:30 часот.