На последната трка во својата кариера, на Светското првенство во шведскиот Оре, Линдзи Вон освои бронзен медал во спуст. Но овој Куп не почна баш најдобро по 34-годишната Американка затоа што на првата трка падна стравично и среќа избегна повреди:
„Чувството е како да си паднал под камион: болат ребра, тешко се дише. Но колената ми се во ред, не се полоши одошто беа. После падот си помислив: „По ѓаволите што се случи? Јас сум стара веќе. Но како и да е уште имам шанса за медал“.
Неколку дена подоцна, се стабилизираше и освои бронзен медал. Со освојувањето на бронзата постави уште еден рекорд затоа што стана првата скијачка која освоила одличје на дури шест Светски првенства.
Легендарната Американка токму во Оре пред 12 години ги освои своите први две медали во кариерата: сребро во спуст и супервелеслалом. Кариерата ја заврши со две светски злата, три сребра и три бронзи.
„Ставив сè на една карта. Често се нервирав. Можно е тоа да беше најнервозниот старт во мојот живот. Јас никогаш не сум имала проблеми со возбуда, но сега ми беше тешко да ги контролирам емоциите. Среќна сум што завршив посилна“.
Линдзи извозе идеално финале не само резултатски, туку и по композиција. Присутните гледачи во шведскиот скијачки центар Оре се простиле со легендата на женското алпско скијање.
Заедно со Линди овој преубав спорт го напушта и легендарниот Норвежанец Аксел Лунд Свиндал - двократен освојувач на Светскиот Куп, двократен Олимписки шампион и петкратен светски првак.
Аксел Лунд и Линдзи Вон:
ФАКТИ ЗА НЕВЕРОЈАТНАТА КАРИЕРА НА ЛИНДЗИ
- Вон го држи најдобриот резултат по бројот на победи меѓу жените во современото алпско скијање - вкупно 82. Апсолутниот рекордер Ингемар Стенмарк кој настапуваше во ’70-те и ’80-те има 86 победи.
Првата победа Линдзи (уште со презимето Килдоу) ја остварила во декември 2004-та, а последната во март 2018 и тоа на исто место во Оре.
Американката 4 пати го освои Светскиот Куп (најмногу од сите скијачки), има 16 мали Глобуси и 4 Големи кристални Глобуси. Линдзи освои и 8 медали на Светските првенства (2 злата) и 3 Олимписки медали (1 злато).
За повеќе од 20 години во Светскиот Куп, таа доживеа стотици повреди: има десетина операции само на колената. Еднаш крајно сериозно се исекла на прстот откако отварала шампањско. Двапати ја евакуирале од патеките со хеликоптер после страшни падови: На Олимписките Игри 2006 го повреди ребрата, но се врати на патеката после пар дена во спуст. На Светското 2013 ги повреди лигаментите на колената.
- Во 2015 Линдзи основала фонд преку кој им помага на младите девојки да ги остварат своите цели преку стипендии и образовни програми;
- Љубовта кон скијањето ѝ ја всадил дедо и Дон Килдоу. Тој умрел во 2017 година. Линдзи земала дел од урната на дедо и и истурила пепел по снегот на патеката во Пјонгчанг.
Сево ова затоа што дедо ѝ Дон во ’50-те години учествувал во Корејската војна во составот на американската војска.
- Линдзи нема деца. Таа 4 години била омажена за американскиот скијач Томас Вон, а во 2011-та година почнале процедура за развод. Но Линдзи решила да го задржи презимето.
Од 2013 до 2015 таа се гледаше со Тајгер Вудс, а од 2018-та година откри дека е во врска со хокеарот и олимписки шампион од 2013 Пи-Кеј Субан.