Скијачов кој е залетан за да ја зграпчи целта со подобро време е Хрват, а овој што се шета како на корзо веројатно е официјално лице од трката. Немаше да биде судирот пријатен, а блиску беше.
Саудиска Арабија извади спринтер кој не би требало уште долго да игра во Саудиска Арабија. Овој 100% почнал како атлетичар на 100 и 200 метри, па го прекомандувале на фудбал.
Риека - Вараждин, 6 минута. Тргнува извесен Роберт Муриќ во шеснаетник и се случува слалом ала Меси. Каков слалом, орање нива е ова, одбранава не знаеше кај тера.
Легендата на алпското скијање пред неколку недели призна дека се предава во борбата со честите повреди: „Срцето и разумот ми говорат дека можам да настапувам уште, но телото се противи“.