Антонио Ристевски стартуваше од 82-та позиција и не успеа да го помине еден од најтешките делови на патеката. Тој своето деби на ЗОИ во Сочи го заврши по само половина минута на првата велеслаломска трка.
Најдобро време по првата трка има Тед Лигети од САД кој заврши со време 1:21.08. Зад него се Ондреј Банк од Чешка и Давид Симончели од Италија.
За велеслаломот беа пријавени 109 натпреварувачи, а само 79 од нив успеаа да ја завршат првата трка.
Ристевски ќе има шанса да го поправи впечатокот на слаломската трка која е негова специјалност. Оваа трка е на програмата во сабота.