Првата четвртина од мечот беше феноменална за „црвената фурија“, која брзо стигна до водство 12:2. Но Аргентинците, како на целото Светско, така и во финалето, играа агресивно и цврсто, па брзо се консолидираа.
Николас Брусино, кој беше во сенка на двоецот Кампацо-Скола во досегашниот тек од Мундијалот, постигна брзи 8 поени и ја врати својата селекција.
Шпанија доминираше во скок играта а нивното најсилно оружје, контранападите функционираа беспрекорно па првиот период го добија со 23:14. Реприза на првите 10 минути видовме и во втората четвртина, кога Шпанија со неколку офанзивни скока стигна до убедлива предност од 43:31 на паузата.
.@MarcGasol with 5 dimes already and @rickyrubio9 will say "Gracias Hermano" every single time. #FIBAWC #ARGESP@BaloncestoESP 🇪🇸
— Basketball World Cup (@FIBAWC) September 15, 2019
📽 https://t.co/U6RPjx3FuZ pic.twitter.com/4kqkAI3u9U
Шпанија се приближи до пехарот во третиот периот кога Рики Рубио (МВП на Светското) фуриозно леташе по теренот, а Марк Гасол собра речиси се под кошот. Аргентина во пар моменти се обиде да се врати, но Шпанија ја затегна одбраната и заслужено стана светски шампион.
CAMPEONES DEL MUNDO 🇪🇸🏆. #FIBAWC #EspañaGotGame@BaloncestoESP pic.twitter.com/Uika4cVLOd
— Basketball World Cup (@FIBAWC) September 15, 2019
Најефикасен играч кај Шпанците беше Рики Рубио со 20 поени, 7 скокови и 3 асистенции, а го пратеа Љуљ со 15, Марк Гасол со 14 и Руди Фернандес со браќата Ернангомез кои запишаа по 11 поени.
Кај „Гаучосите“ Габриел Дек уфрли 24 поени, Лапровитола 17, а Факундо Кампацо 11 со 8 асистенции.
Marc Gasol is a 2019 NBA Champion for the Toronto Raptors and now a 2019 FIBA World Cup Champion.
— Lukas Weese (@Weesesports) September 15, 2019
What a year for the Spaniard. #FIBAWorldCup2019 #FIBAWC2019 🏀 pic.twitter.com/HGboZkvmjH