Америка игра кошарка на големи натпреварувања (Олимписки Игри и Светски првенства) уште од 1937-ма година. До денешен ден имаат 15 златни медали од Олимпијадите и уште 5 злата на Мундијалите. Поради тоа не можеа да си простат како изгубиле од таму некоја Србија во која, пази богати, имало и храна па и интернет.
Американската репрезентација го претрпе и вториот пораз на Светското 2019. По Французите, скалпот им го зема и Србија која претпладнево беше подобра со 94:89 (32:7, 12:33, 27:28, 23:21). Кемба, Мидлтон и другарите ќе завршат 7-ми или 8-ми.
Грег Поповиќ и Стив Кер ја платија сметката на многуте откази во репрезентацијата. САД - Франција 79 - 89 (18-18, 21:27, 27:18, 13:26) и „триколорите“ во полуфинале против Аргентина. Америка со најслаб пласман на Мундијал во последните неколку децении.
На 31 август во Кина стартува Светското кошаркарско првенство, но никаков Дрим-тим од Америка на кој сме навикнати нема да гледаме. Причините се разни а една е и конспиративна и поврзана со претседателот на САД.
Легендарниот Грег Поповиќ кој неодамна стана селектор на Америка, остана и без новиот кошаркар на ЛА Лејкерс Ентони Дејвис за Мундијалот, така што САД ќе бидат без уште една супер ѕвезда.