Тим Данкан беше посебен според многумина, а овие анегдоти од кои првите 5 се со Поповиќ, покажуваат за каква личност се работи и покрај големата слава, 19-те сезони во НБА и парата која ја заработи.
Првата средба меѓу Поповиќ и Данкан
Откако го избравме на драфтот, заминав на неговиот остров за да го запознам, а тој заборавил да ми го каже вистинскиот пат по кој се стигнува, што значи дека бев речиси мртов најмалку 3-4 пати пред да го најдам. Останавме со денови на плажа, пливавме и зборувавме. Уште таму сфатив дека е посебен, затоа што не зборувавме никогаш за кошарка. На првиот тренинг дојде со панталоните наопаку. `Јас така ги носам`, беше неговиот одговор откако го прашавме, но решивме дека тоа не ни е важно.
Тортата со моркови
Тим беше малку чуден. Замислете, со години требаше да му носам парче торта со моркови, бидејќи во спротивно беше навреден. Кога одевме на гостувања, јас одев на ручек со другите тренери и од рестораните секогаш земав торта со моркови, му ја оставав до врата, тропав и си заминував. Никогаш не дознав дали ја јаде или завршува кај глувците.
Телепатија
Тим исто така беше енигма. На почеток со него имавме телепатија. Јас зборував во соблекувална, му се обраќав на него, а тој едноставно зјапаше во мене без да каже ниту збор. Се прашував дали го разбира тоа што му го велев, но потоа сфатив каков е. Јас му благодарам, бидејќи имаше голема почит и на тој начин “ми дозволуваше“ да го тренирам тимот.
Разделувањето кое не се случи
Кога му заврши првиот договор се зборуваше дека сака да оди во Орландо. Тоа траеше со месеци, јас го прашував која му е намерата, а тој не ми одговараше ништо. Потоа една вечер дојде кај мене, ме погледна во очи и ми рече: `Поп решив, одам во Орландо`. Јас се здрвив како камен, потоа 4-5 секунди молчевме и двајцата и потоа ми рече: `Се шегував, останувам`. Ретко кој може да го забележи кога прави хумор и токму тоа најмногу ми недостасува кај него.
Скептицизмот за Џинобили
На почеток не му се допаѓаше Џинобили. Тоа лето му велев дека купивме голем играч кој не се плаши од ништо и кој ќе ни биде од голема корист. Тим ме гледаше збунето и не беше воопшто убеден во тоа што му го зборувам. Потоа Џинобили дојде со повреден глужд, а Тим постојано ме зезаше за тоа што го избрав. Потоа кога Ману стана вистинскиот Ману, Данкан никогаш не дојде да ми се извини.
Ману Џинобили
Плеј-оф 2006-та. Играме против Сакраменто на гости. Поп ми даде задача во последниот напад јас да ја водам топката, но ја загубив, Кингс отидоа во контра и победија. Бев толку засрамен што сакав да исчезнам. Само што стигнавме во хотел се затворив во соба и го исклучив телефонот. По кусо време заѕвони телефонот од собата, но и тој го исклучив. Потоа слушам уште едно ѕвонење и така видов дека има телефон и во тоалетот. Овој пат ја кренав слушалката. `Нану здраво, Тим е на телефон, (така ме викаше). Како си? Ми рече дека сака да излеземе и да разговараме, а јас прифатив, бидејќи не можеш да му речеш не на Тим Данкан. Потрошивме неколку часа на муабет за разни нешта, освен за кошарка. Со тоа успеа да ми направи да не мислам повеќе на мечот. Тоа е Тим.
Тони Паркер
Два дена седев и размислував зошто Тим е посебен. Тој е суперѕвезда плус плус, категорија во која спаѓа само тој. Го прави подобар тој што е околу него и тоа е вистинската дефиниција на суперѕвезда. Беше единствен кој за време на мојата кариера не побара да му ја додадам топката. Ме центрираше со поглед, а јас одев кај Поп и му велев дека ме гледа и дека треба да подготвиме напад за него. За мене отсекогаш бил посебен и на терен и надвор од него.