Попович едвај стои на нозе, ама уште се мајтапи

Еден од најголемите тренери во НБА лигата, кој 29 години го водеше Сан Антонио, освои 5 титули и држи рекорд од 1.422 победи, се повлекува од тренерската функција. 76 годишниот Грег Попович доби мозочен удар и го немаше во јавноста од лани. Спарси го поставија за претседател на кошаркарски операции. 

Легендарниот Попович се појави на прес-конференција во друштво на Тим Данкан и Емануел Џинобили, а наследник ќе му биде долгогодишниот асистент Мич Џонсон. „Не сум тренер, сега сум шеф“, рече Попович, кој ги изнасмеа сите. 

6 мај 2025 - 09:45