Кога Грег Поповиќ за прв пат ги гледал Дивац, Кукоч, Раѓа и Паспаљ

Славниот тренер на Спарси е познат по тоа што сака да соработува со странски кошаркари, а сега објаснува како се почувствувал кога за прв ја видел најславната кошаркарска генерација на Југославија на едно место.

Поповиќ во интервју за грчкиот Газета се навраќа на своите тренерски почетоци, како и на моментите кога имал можност да следи низа европски асови кои полека почнале да им го отвораат патот на странците во НБА лигата.
„Има многу добри играчи низ светот, а тоа го сфатив за брзо време уште во 80-те. Бев на Европско првенство во 1988-ма година кое мислам дека се одржуваше во Келн. Тогаш работев како помошник тренер, а од главните тренери беше присутен само Дон Нелсон и никој друг“.
„Бев на еден натпревар на кој ги гледав Русите, тогаш Советски Сојуз, па потоа југословенскиот тим во кој играа Дивац, Раѓа, Кукоч, Паспаљ и сите останати. Се чувствував како дете во слактарница. Се запрашав каде играат овие момци, зошто не се во НБА? Кога конечно почнавме да носиме играчи од други земји, стана јасно дека тие ни ја збогатуваат играта“.
„Нивното знаење и искуство, стекнато во земји каде кошарката се сака исто како во САД ја заокружи и збогати овдешната приказна. Станавме подобро семејство и добивме повеќе теми за разговор. Кога на Олимписките игри во Атина бев асистент, Аргентина го освои златото. Ману Џинобили не растури, а беше играш на Сан Антонио. Го искусив тоа и не сакам да ми се повтори“, вели Поповиќ.
Славниот и искусен 69 стратег кој е производ на мешан брак од Србин и Хрватка е веќе 22 години незаменлив кормилар на Спарси на кои им донесе пет шампионски прстени (1999, 2003, 2005, 2007, 2014).
 
Легендите за кои зборува дека направиле да се чувствува како дете во слаткарница, доминираа со европската и светската кошарка освојувајќи две Европски првенства по ред (1989 Југославија и 1991 Италија) и Светско првенство 1990 во Аргентина.
30 март 2018 - 12:09