Кевин Лав се придодаде на листата кошаркари кои откажаа да настапат на Светското првенство кое почнува на 31-ви август во неколку кинески градови.
Ова значи дека селекторот Грег Поповиќ во само недела ипол дена остана без Ол-Стар ѕвездите Ентони Дејвис („ќе се спремал со новата франшиза ЛАЛ за новата сезона“), Џејмс Харден („ќе се фокусирал на Хјустон Рокетс“), Бредли Бил (чека второ дете во август па сакал да биде дома), Дамиан Лилард и Си-Џеј Мекалум исто останаа дома, како и бекот на Спарс ДеМар ДеРозан, бекот на Рокитс Ерик Гордон, новото чудо во НБА Зајон Вилијамсон кој беше избран како 1 пик на драфтот од Пеликанс, и крилото на ’76 Тобајас Харис.
Сите овие кошаркари им се придружија на големата група ѕвезди кои одамна решија да не одат на Светско кој поради одмор кој поради повреди: Леброн Џејмс, Кевин Дурент, Стеф Кари, Кавај Леонард, Расел Вестбрук, Клеј Томпсон, Драјмонд Грин, ДеМаркус Казинс, Блејк Грифин, Пол Џорџ, Кајри Ирвинг и Зајон Вилијамсон кој се повлече пред дебитантската сезона како пик број 1 во Њу Орлеанс.
„Што е работава? Зошто сите ја одбиваат шансата да играат за САД на Светско првенство, предводени од селектор кој освои 5 НБА титули (Грег Поповиќ) и неговиот славен помошник кој освои 3 титули во последните 5 сезони (Стив Кер)?“, прашува новинарот на The Washington Post, Мет Бонстил.
КОИ СЕ ПРИЧИНИТЕ ПОРАДИ КОИ НЕ ИМ СЕ ИГРА НА СВЕТСКО?
Мундијалот е многу блиску до стартот на НБА сезоната. Финалето на Светското првенство се игра на 15 септември во Пекинг, а тренинг камповите во НБА почнуваат набрзо со првите предсезонски дуели од 4 октомври па натаму. Така што дури и почетокот на регуларната сезона во НБА да се одложи една недела до 22 октомври, големите ѕвезди сметале дека е напорно од Светско да се влезе во тешка и долга сезона.
ПОЛ ЏОРЏ
Во пресрет на Светското 2014, Пол Џорџ доживеа тешка повреда на левиот скочен зглоб за време на подготовките на Америка во Лас Вегас. Тој до следниот април не можеше да се врати на паркетот во дресот на Индијана.
Ризикот од повреда е многу голем, а исто е голем и ризикот од обновување повреда па некои НБА играчи бараат поголем одмор.
ОЛИМПИЈАДАТА ИМ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ ОД СВЕТСКО
Репрезентацијата на САД не мора да се бори да го освои Светското за да се квалификува на Олимпијадата 2020 во Токио. Се што треба е да заврши меѓу првите две од седум селекции кои ја претставуваат Западната Хемисфера (Канада, Бразил, Аргентина, Порто Рико, Венецуела и Доминиканска Република). Колку год лудо да звучи и неверојатно, дури и ако не се меѓу двете најдобри од овие 7, на Американците им останува уште една шанса следната година преку борбата за 4 преостанати места во квалификациите од ФИБА.
Така што во моментов во селекцијата на Америка има само пар сериозни имиња (не дека другите не се сериозни ама не се на нивото на суперѕвездите), а тоа се: Кемба Вокер од Селтик, Крис Мидлтон и Кајл Лаури (ако се опорави од оперцијата на прстот до Светското) и кошаркари како Андре Драмонд, Кајл Кузма и Харисон Барнс.
За Ол-Стар ѕверките ќе мора да почекаме до следната година и Олимпијадата 2020 во Токио.