Големиот Грег Поповиќ за Дуда Ивковиќ

Великанот на европската и светска кошарка Душан Дуда Ивковиќ почина во четвртокот во Белград на 78-годишна возраст. Пораки со сочувство до неговото семејство пристигнуваат од целиот свет, а за тоа колку Дуда беше голем покажа и пораката од еден од најдобрите НБА тренери во историјата.

„Душан Ивковиќ беше икона на светската кошарка. Имаше карактер кој е поголем од животот, беше господар на оваа игра. Моето време поминато со него, во Европа или во Америка, секогаш беше исполнето со моменти на воодушевување и впивање на знаење како од никој друг.

Мое сочувство до Нена и семеството во овој тежок период“, стои во пораката на Поповиќ, тренерот на Сан Антонио и селектор на американската кошаркарска репрезентација која освои злато на Олимписките Игри летово во Токио.

 

17 септември 2021 - 09:43