Убавицата и Ѕверот

Најнеобично спортско семејство

Поранешниот играч на ЦСКА Москва, Нижњни Новгород и српски репрезентативец, Бобан Марјановиќ е висок 221 см, а неговата сопруга Милица има 161 см.

Боби е роден на 15. август 1988. година и по авантурите низ неколку европски екипи замина преку океанот каде игра кошарка со Тим Данкан и Тони Паркер, предводени од големиот Поп. Годишната плата во Сан Антонио му е 1,2 милиони долари, а уште е неизвесно дали Спарси ќе му понудат нов договор.
 
Во 2014-та година се ожени со Милица Крстиќ со која има две деца. Иако со своите 161 см Милица е далеку пониска од него, токму тоа што не го прашала ништо за неговата висина било пресудно Бобан да се вљуби во неа за време на една роденденска забава во Вршац пред речиси 8 ипол години.
 
Долгата врска ја крунисале на плажата Марома во Мексико, а свадбата ја направиле во Белград.
 

Фотографиите се од Инстаграмот на Бобан и на Милица.