Таг: бобан марјановиќ

Кога џинот Бобан ќе го пратиш на баскет со деца

Српскиот центар, Бобан Марјановиќ заминува од Далас и следната сезона како дел од размена, ќе настапува за Хјустон Рокетс. Се појави на летен камп на Маверикс, каде со своите 221 см, на деца им играше под кош. Кај што е Бобан, таму е забавата.

Боби, батали баскет оди во Холивуд

Еден од највисоките кошаркари кои некогаш играле во НБА, Бобан Марјановиќ нема ден а да не направи некое шоу кое фасцинантно ја забавува НБА публиката во САД, колку и нам да ни делува чудно. Бобан едно време го бараа и да статира во некој игран филм, а ништо чудно кариерата да му тргне во тој правец. Сега за Халоувин пред неделниот меч меѓу Мавс и Кингс се маскирал во Аксл Роуз.

Бобан ко да игра со деца на кош во двор

Еден од двајцата највисоки кошаркари во цела НБА, Бобан Марјановиќ доби дваесетина минути во триумфот на Далас Маверикс над ЛА Клиперс 105:100 во „Стејплс Центар“ каде Дончиќ блесна со 42 поени. Мавси водат 3:2 а Бобан на овој дуел си поигруваше со ривалите ко со деца.

Дара Бубамара бе ја рокнале во НБА

Атмосфера во „Американ ерлајнс центарот“ пред мечот Далас - Сакраменто. Е ај погодете од прва кој нарачува вакви песни.

Ве поздрави дедо му на Бобан

Ако се прашувате од каде Бобан Марјановиќ го наследил талентот, ќе ви покаже самиот Бобан. Дедо му пред шталата има кош и гаѓа слободни фрлања подобро од Родман. Каков цар.

Шекил до Бобан Марјановиќ: „Стварно ли твоите се високи 1.60 см?“

По триумфот на неговиот Далас Маверикс против ЛА Клиперс за 1:1 во плејоф серијата, Бобан Марјановиќ преку видео повик гостуваше во емисијата Inside the NBA која што ја водат Ерни Џонсон, Чарлс Баркли, Шекил О'Нил и Кени Смит. Добар муабет.

Дончиќ и Бобан 1 на 1

НБА лигата продолжува на 31 јули, а сите натпревари ќе се играат во огромниот комплекс Светот на Дизни во Оландо каде има повеќе хотели, сали и комплетни услови за завршница на најдобрата НБА лига. За тоа време во Далас Маверикс се острат Дончиќ и Бобан Марјановиќ кои се пробаа 1 на 1.

Во Далас Маверикс не им е досадно, Бобан ги учи како да кажат коњ

Тим Хардавеј, Сет Кари, Хозе Хуан Бареа, Двајт Пауел и Џастин Џексон, сите од Далас Маверикс учеа по некој српски збор од горостасот Марјановиќ.

Од НБА на трактор во село Мирово

Сè е тоа фино да играш во најсилната кошаркарска лига во светот, да лапаш 7 милиони долари годишно и да живееш ко краљ, ама лето не е лето ако не одиш да се одмориш како човек кај баба ти во село.

Стани Бобан, магаре едно

Бобан Марјановиќ е еден од најголемите шегобијци во НБА. Последно што направил е синоќа кога дошол на натпревар против Њу Орлеанс Пеликанс на квадроцикл. Неговите Клиперси изгубија 117-121 а српскиот репрезентативец не влегуваше во игра.

Центарот висок 2.21 погоди шест тројки по ред

Со два метри и дваесет и еден сантиментар, Бобан Марјановиќ важи за еден од највисоките кошаркари на светот. Српскиот репрезентативец на синоќешниот тренинг на репрезентацијата пред мечот од Европско со Белгија заредил шест тројки и ги зачудил сите.

Валанчиунас заби преку Марјановиќ

Литванскиот репрезентативен центар Јонас Валанчиунас покажа дека не се плаши да забие преку еден од највисоките кошаркари во НБА, Србинот Бобан Марјановиќ.

Најнеобично спортско семејство

Поранешниот играч на ЦСКА Москва, Нижњни Новгород и српски репрезентативец, Бобан Марјановиќ е висок 221 см, а неговата сопруга Милица има 161 см.

Грег Поповиќ: Боби е најсебичниот играч што сум го видел

Иако даде 19 поени за 14 минути со 4 скока и една украдена топка, високиот Бобан Марјановиќ беше суптилно критикуван од неговиот тренер. „Тој е еден од најсебичните играчи кои сум ги видел. Шутира баш секој пат кога ќе ја добие топката. Неверојатно! Утре треба да им се извини на соиграчите што е толку алчен. Сè прави само да го види своето име во весник", се насмеа и во свој стил се пошегува Поп со новинарите.