Бобан Марјановиќ знае што значи да се игра за Сан Антонио, Детроит, Лос Анџелес Клиперс и Филаделфија, ама дали тие знаат што значи селско месо спремано на дрва, домашна ракија, леб, слатко, сирење...
Бобан е роден во малото градче Бољевац, а деновиве отиде во село Мирово, инаку едно од околните села каде живее баба му. Википедија вели дека според последниот попис таму живеат 183 жители, мелем за да си ја одмори душата.
Баба му сигурно дека ќе го пречека со сите нишани, а бидејќи со своите 221 см нема шанси никој да го утне се пикна во една препознатлива селска лимузина.
Уживај друже, нема бољи одмор од ова.