Коби Брајант бил необичен човек и пред да стане необичен кошаркар. Родителите на детето кое покажувало интерес за многу нешта го крстиле во чест на еден вид говедско месо коешто го виделе во едно мени во ресторан. Ваквиот специјалитет на говедина потекнувал од јапонскиот град Кобе.
Буквата „и“ во името на кошаркарот се појавила најчесто во кириличната транскрипција, така што говорните подрачја кои го користат ова писмо уште не можат да се договорат за едно единствено и правилно читање на името на суперѕвездата.
Подоцна во Америка се појавуваа многу имиња Кобе или Коби - во чест не на месото, туку во чест на самиот Брајант. Постои и официјална статистика: Името Коби го носат повеќе од 14.000 жители на САД коишто се родиле за време на 20-годишната кариера на суперѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс.
Брајант дојде во НБА во 1996 година и брзо стана јасно дека ќе остане долго време. Од детството бил навивач на Лејкерс но ни на сон не верувал дека ќе стане легенда во таа екипа. Новајлиите во НБА не бираат за кого ќе играат, напротив, клубовите бираат за кого тие ќе играат.
Драфтот 1996-та беше еден од најѕвездените во историјата на лигата. Број еден беше идниот идол на милиони ширум светот Ален Ајверон, а петти беше Реј Ален. Чудно е што идниот 5-кратен шампион на НБА и најинтелегентниот кошаркар од почетокот на ХIX век бил 13-ти на драфтот.
Го драфтуваше Шарлот и истиот ден го трејдуваше во Лејкерс, тимот од соништата на Коби. Во зделката учествуваше и Владе Дивац кој отиде од Лејкерс во Шарлот. 18-годишното момче се најде во НБА веднаш по средното школо, заобиколувајќи ја студентската лига NCAA. Полудел од среќа кога генменаџерот решил да го пратат во Лос Анџелес.
Коби брзо стана славен. Уште во втората сезона играше на ОЛ-СТАР, а во 1999. година во Лејкерс од Чикаго дојде легендарниот тренер Фил Џексон кој го спои убиствениот тандем Коби Брајант - Шекил О’Нил, тандем кој освои три шампионски титули по ред.
Но сезоната 2002/2003 почна лошо за Лејкерс а позадината на проблемот лежеше во лошиот однос на двете ѕвезди. Шекил замина во Мајами и вети дека ќе го освои четвртиот прстен во НБА пред Коби. Го одржи ветувањето во сезоната 2005/2006.
На ОЛ-СТАР мечот во 2009-та Коби и Шек конечно се смирија. Веднаш после тоа Брајант освои уште две титули - четврта и петта и на крајот стана легенда. Во НБА постои дури и израз „рутина Коби Брајант“. Што постар стануваше Коби подобро играше во последната четвртина кога најмногу и треба на екипата. Кога противникот се изморуваше, Брајант ставаше во четврта брзина и го решаваше исходот на мечот.
На средината од кариерата Коби го смени бројот 8 со бројот 24. Тогаш се зборуваше дека Коби на тој начин сакал да го означи мотото 24 часа работа деноноќно, дури и во сон. А причината беше многу поедноставна - Коби ја носел 24-та во школото а кога дошол во Лејкерс овој број бил зафатен.
На Олимпијадата 2012 во Лондон Коби ќе се сеќава не само по освоеното злато, туку и по смешната сцена во која крилото на Русија Виктор Хрјапа му донесе брза храна а Коби со насмевка ја одби:
А во Рио 2016 Коби не отпатува. Учеството на оваа Олимпијада го откажаа и многу други суперѕвезди како што е Леброн Џејмс. По титулата во 2010-та, Лејкерс го опседнаа темни времиња. Сезоната 2015/2016 беше најлоша во клупската историја. Кога Коби Брајант објави за скоро завршување на кариерата, продажбата на билети скокна не само во Лос Анџелес, туку и во целата лига.
Навивачите од сите градови почнаа да купуваат карти за дуелите против Лејкерс. Неколку кинески навивачи решиле да потрошат 55.000 долари за турнеја на гостувањата на Лејкерс во НБА. Каде и да играше Коби, тој ги даваше своите патики. Во Вашингтон му ги даде како сувенир на легендарниот хокеар Александар Овечкин.
Последниот меч во кариерата на Брајант стана право шоу. На паркетот во Staples Center беа залепени големи бројки 8 и 24. Мечот против Јута ништо не решаваше, но на Коби тоа не му беше гајле. Се кладеше со Шекил дали ќе даде 50 поени, а даде 60 на крајот.
Во меѓувреме Лос Анџелес одлучи 24. август да биде прогласен за Денот на Коби Брајант.