Левиот бек на тимот од Виго, Словакот Роберт Мазањ (24) по крајот од мечот успеал да го добие дресот од еден од најдобрите играчи на сите времиња.
Ај што го земал, туку и го објавил на социјалните мрежи со натпис Gracias dios (Фала ти Боже).
Навивачите на Селта сметаат дека тоа е неуважување на клубот и дека играчот требал да се носи со поразот на својот тим а не да трча по дресот на противнички фудбалер па макар бил тој и Меси.
Толку биле гневни што бекот на Селта морал на неколку часа да ги деактивира профилите од социјалните мрежи поради бесни коментари. Набрзо Роберт на наговор на управата побарал извинување и објаснил дека не сакал никого да навреди.
Да се игра против Меси и да се добие дрес од него е сон на секој играч, напишал словачкиот репрезентативец.