Да ги видиме дресовите на другите репрезентации на Европско

Очекувано или не, новиот дрес на Македонија во бордо боја ја разгневи јавноста до таа мера што се отвори петиција за враќање на довчерашните дресови кои му се мили и на капитенот Пандев и која веќе ја потпишале скоро 12.000 луѓе.

Македонија на Евро2020 ќе игра во група Ц со Австрија, Украина и Холандија, по тој редослед во Букурешт и во Амстердам.

Еве ги дресовите на ривалите од нашата група кои беа промовирани многу пред нас (што би требало да отвори поголема дебата од актуелнава)

Холандија - домашна варијанта:

Новиот домашен комплет на Холанѓаните е портокалово-црн. Во препознатливиот тандем бои на Холандија (прекарот им е oranje) Најк редовно им склопува убави дресови, а овојпат се надминаа себеси

Холандија - гостинска варијанта:

Гостинската варијанта на Холандија е исто содржаен дрес, во фокусот е црна боја а елементите се портокалови. Оваа варијанта има поло-крагна, а во внатрешната страна во чест на кралското семејство е извезена кралската круна.

Украина - домашна варијанта

Украина е единствената репрезентација на претстојното Европско првенство за чии дресови беше задолжена шпанската компанија Joma. Опремата изгледа едноставна и од безличен шаблон ја вади само националниот грб на градите. Би се рекло класичен, пристоен традиционален дрес без многу мудрување.

Украина гостинска варијанта:

АВСТРИЈА, домашна варијанта:

Опремата на Австријците се освежена со обновениот грб, краевите на ракавите се во боите на знамето, а дизајнот на целиот дрес е инспириран од стилот ар-нуво кој бил популарен во Австрија на крајот од 19 век и станал извор на инспирација за двата примарни комплети на Австријците.

Австрија, гостинска варијанта:

Puma уште еднаш изненади: втората варијанта дресови на Австрија е комбинација од црна и тиркизна боја. Овој дрес изгледа навистина скапоцено, луксузно и монденски со златно лого на производителот

За потсетување, фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) најдоцна од сите ги промовираше новите дресови во кои репрезентацијата ќе игра на Евро2020 и истите кренаа голема бура во јавноста зошто примарниот е во бордо боја.

Еве како изгледаа претходните дресови на Македонија, промовирани тогаш во 2016-та:

Тука погледнете ги новите промовирани дресови за Евро2020

Група А:

Турција, домашна варијанта:

Турција, гостинска варијанта:

Италија, домашна варијанта:

Дресот на Италијанците е инспириран од елементи од периодот на Ренесансата, еден од најважните периоди во италијанската и општо светската култура.

Италија, гостинска варијанта:

Велс, домашна варијанта:

Велс, гостинска варијанта:

 

Швајцарија, домашна варијанта:

Швајцарија, гостинска варијанта:

Ги симболизира алпите а четирите бои плус ги означуваат четирите официјални јазици во земјата: германски, француски, италијански и реторомански

Данска, домашна варијанта:

При производството на нов комплет дресови за Данска за Евро2020, дизајнерите од Hummel решиле да го искористат аудиозаписот при пеењето на химната на Данска од страна на 34.610 навивачи и тоа го преобразиле во централен елемент на новиот дрес

Финска, домашна варијанта:

Финска, гостинска варијанта:

Белгија, домашна варијанта:

Белгија, гостинска варијанта:

Русија, домашна варијанта:

Русија, гостинска варијанта: