Поради подоцнежен лет од Италија за Македонија на почетокот на подготовките на репрезентацијата со задоцнување стигна и Горан Пандев. Затоа Струмичанецот не беше на промоција на новиот дрес во просториите на ФФМ.
Пандев подоцна на својот Инстаграм профил објави фотографија која јавноста ја толкува како негово мислење за новите дресови за репрезентацијата.
Пандев се сликнал со дресот кој Македонија го облекуваше во изминатиот период и со емоџи од државното знаме упати порака до оние кои се решија за ваква варијанта.
ПРОМОВИРАНИ ДРЕСОВИТЕ КОИ МАКЕДОНИЈА ЌЕ ГИ НОСИ НА ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО