Во 72’ минута од мечот, Ливерпул водеше со 1:2, па на Баерн му требаа два гола за пласман понатаму во четвртфинале. Тогаш Ковач го смени Хави Мартинез со Леон Горецка кој требаше да внесе живост во играта.
Фудбалерот од средниот ред на Германија не направи ништо посебно, но дресот кој го носеше заслужи посебно внимание.
Обидете се да ја пронајдете разликата во дресовите на другите играчи:
Ако не ја најдовте разликата, ќе ви помогнеме. Дресот на Горецка не е за Лига на шампиони, туку за Бундеслига. На десниот ракав го нема логото со фудбал и ѕвездички на ЛШ, туку му стоеше логото на Бундеслига. На левиот ракав спонзорот Qatar airways. Разликата е видлива и на задниот дел - таму на грбот презимето стои под дресот - а на местото на презимето горе стои името на клубот.
Во принцип, целата заврзлама не беше многу видлива на теренот, но појавувањето на спонзорот на ракавите се коси со правилата на УЕФА, така што Баерн ќе добие или опомена или казна од 3.000 евра за секое појавување на дрес кој не е според правилата.
Едно е сигурно, на Баерн во средата немаше да му помогне ниту правиот дрес на Горецка.