Јуве направи 1.111 ексклузивни дресови од Буфон и експресно ги распродаде

Во чест на јубилејот на големиот Џиџи Буфон кој денес слави 40. роденден, цела Италија му праќа честитки, а Јувентус пушти во продажба ограничена колекција на дресови на легендарниот голман.

Цената на ексклузивниот дрес на Џанлуиџи изнесува 249 евра. Онлајн продажбата во клупската продавница почнала во 00.00 часот на 28. јануари и за неколку часа сите дресови биле распродадени. Да се уверите можете тука.

Честитките од цела екипа:

 

Овој дрес не е едноставна реплика туку идентичен на оној во кој игра најдобриот голман во историјата на италијанскиот фудбал и пошироко. На внатрешната страна од секој дрес е испечатен реден број - за сопственикот да не заборави каков драг предмет купил.