Зошто шпицот на Лестер Ихеаначо има чудни точки под презимето?

Екипата на Лестер во моментов е второ место во Премиер лигата, а „лисиците“ го играат можеби најубавиот фудбал во цела лига, поубав дури и од времето кога со Раниери сензационално ја освоија титулата. Келечи Ихеаначо им е еден од поинтересните играчи.

Лестер има 3 бода предност пред Манчестер Сити и во моментов клубот кој пред неколку сезони ја освои титулата, пак сериозно се бори за самиот врв.

Во неделата Келечи Ихеаначо во 94’ минута постигна победнички гол против Евертон. Судијата првично го поништи поради наводен офсајд, но по прегледувањето на снимката, голот правилно беше признат и Лестер ја забележи шестата победа по ред во Премиер лига.

„Викајте ме мистер ВАР! Уверен бев дека голот е чист. Јас не бев во офсајд. Среќен сум што ВАР го призна мојот гол“, изјави Ихеаначо за Sky Sports после мечот.

Инаку ретко кој од гледачите кај малите екрани, па и оние на стадион забележуваат дека на дресот на Нигериецот стои презимето Ихеаначо со две чудни точки под буквите I и O.

МАЈЧИНИОТ ЈАЗИК ВО СВОЈАТА РОДНА ЗЕМЈА

Целата работа со двете точки е поради јазикот на етничката група Игбо, кој во Нигерија го зборуваат околу 20 милиони луѓе од државата Имо (претставници на Игбо групата се уште и Џеј-Џеј Окоча, Нванкво Кану, Стефано Окака и Андре Игудала). Овие точки значат нагласување на самогласките.

„Во нашиот јазик тие акценти се многу важни. За мене е важно што ги имам на дресот, тоа покажува каде сум роден. Луѓето во Нигерија гледаат фудбал во родните племиња и се гордеат на тоа што на светот му ја покажувам нашата традиција“.

Во времето додека играше за Манчестер Сити, Келечи не размислувал за овие акценти кога од младинци преминал во прв тим. Но потоа ги видел дресовите со презимињата на Месут Озил и Илкај Ѓиндоган кои имаат точки над буквите. Фудбалерот на Арсенал дури и своето О со две точки над него го фирмирал како свој знак.

По преминот во Лестер, Ихеаначо побарал точки и за своето презиме.

Премиер лигата им излегла во пресрет на фудбалерите кои сакале посебни решенија за исмени на нивните имиња или презимиеа. Некој бара само име наместо презиме (како Ван Дајк), некој прекарот (Чичарито), а Равел Морисон по преодот од Манчестер Јунајтед во Вест Хем побарал на дресот да му го пишува само името како симбол на „новиот старт на кариерата“.

Има едно правило кое Премиер лигата бара да не се нарушува: сите букви од презимето на дресот треба да бидат на англиска азбука, а сите бројки да бидат арапски, за лесна препознатливост.

****

Келечи Ихеаначо е фудбалер кој во Лестер дојде во летото 2017 година за 25 милиони фунти. Нигериецот брзо стана суперѕвезда иако не беше стандарден првотимец. Во првата сезона 7 пати почна од старт а 14 од клупата како замена, а минатата сезона 9 пати од почеток и 21 од клупа.

Сезонава голот против Евертон беше прв за Ихеаначо во Премиер лигата, претходно играше на два меча во Лига Купот а има и 3 гола. Можно е тренерот Брендан Роџерс повеќе да му дава шанса.

*****

Во англиската Премиер лига идеејата да се пишуваат презимиња на дресовите стигнала од американските лиги. Првите презимиња на дресови се јавиле во 1993 година - во втората сезона од новата Премиер лига каква што ја знаеме денес. Иницијатори на новите промени биле директорите на Арсенал и Манчестер Јунајтед, Дејвид Дејн и Мартин Едвардс.

Но и тогаш имало исклучоци, пример Ливерупл во сезоната 1992/1993 играл без презимиња на дресовите

Во 1993/1994  веќе сите имале презимиња на грбот:

3 декември 2019 - 12:11