Додека Артур веќе се сместува во главниот град на Пјемонте, а Пјаниќ на малку разбирлив каталонски им се обрати на навивачите на Барса па Џеко, Дејан Ловрен и Мисимовиќ го тролаа во коментари со „Шта рече болан“?, финансиски поткованите експерти ја анализираа оваа зделка.
Човекот кој стои зад врвниот твитер профил Swiss Ramble, Киран О'Конор објасни како Јуве и Барса планираат да профитираат од оваа размена на играчи?
Од финансиска перспектива, пишува О'Конор, изгледа дека Јувентус ефективно фактички на Барса ѝ плаќа 10 милиони евра за трампата Пјаниќ (30) со помладиот Артур (23), но детален преглед во договорот може да види дека двата клуба ќе пријават профит од 60 милиони евра од овие трансакции. Како?
Прво и главно: кога еден клуб купува играч, трошоците за него се раширени во сметки низ годините од неговиот договор, додека кога играч се продава, во крајните пресметки се бележи целата сума.
Конкретен пример е договорот меѓу Артур и Барселона - пред две години го купија за 30 милиони евра и потпишаа 6-годишен договор. Практично Барселона годишно Артур ја чинела 5 милиони евра (бонусите не се земаат предвид во овие пресметки, зошто не постојат поверливи податоци за тоа колку и за што ги плаќаат).
Артур веќе „одработи“ 10 милиони евра за 2 години, а на Барса ѝ остана нереализирана хартија од вредност од 20 милиони евра. Практично со тоа што го продаде сега Артур за 70 милиони евра, Барса ќе прикаже приход од 50 милиони евра.
ИСТ Е СЛУЧАЈОТ И СО МИРАЛЕМ ПЈАНИЌ
На ист принцип беше и договорот на репрезентативецот на БиХ со шампионот на Италија: тој од денешна точка на гледање севкупно го чинел Јувентус 13 милиони евра (во летото 2016-та потпишаа 5-годишен договор вреден 35 милиони евра, а во 2018-та го продолжија на уште 5 години (да не баратаме со сложени пресметки, има детали за тоа).
Јувентус сега го продаде Пјаниќ на Барса за 70 милиони, така што заработката од него на крајот во завршните сметки ќе прикаже 57 милиони евра.
На крајот кога ќе се подвлече црта, испаѓа дека само Јувентус платил 10 милиони евра и дека и двата клуба излегуваат презадоволни од зделката.
Тешко е да се утврди кои им биле целите на Јуве и Барса, малку е веројатно дека не веруваа во играчките квалитети на двајцата играчи, но очигледно успеале да пронајдат начин како да профитираат подобро.
Минатата година Барселона веќе имаше слична зделка каде поважни им беа финансиските детали: во Валенсија го продадоа голманот Силесен, го земаа од таму голманот Нето кој седи како резерва на Тер Штеген. Сумите се совпаднале: 35 милиони во едната страна, а 26 милиони евра плус 9 милиони во бонуси на другата страна.
Но уште поинтересно е што Барселона купувањето го официјализирала до 30 јуни, а продажбата после 1-ви јули кога почнува нова финансиска година. Така го спасија финансискиот фер плеј за кој УЕФА им висеше пред врата за претходната сезона.
Иако медиумите овие зделки ги нарекуваат „шпански серии“, сепак сè е по закон, црно на бело но со очигледна јасна намера да се изигра системот. За сега многу успешно.