Прв играч кој му даде на Нојер два од пенал после 906 натпревари!

По неверојатната победничка серија од 18 натпревари без пораз во сите натпрварувања, Баерн Минхен загуби кај Арсенал 3-1 во Лига на шампиони и ја прекина низата. Овој пат се вратија на победничка патека откако го совладаа Унион Берлин во Куп на Германија 2-3.

Интересно на овој натпревар домаќините дадоа два гола од пенал но си дадоа и два автогола преку Илјас Анса и Диого Леите. А Мануел Ноер за првпат во својата кариера, за првпат на 906 натпревари прими два гола од пенал на иста средба: 

Фудбалерите на Баерн Минхен се пласираа во четвртфинале на германскиот Куп откако со 2:3 во Берлин го совладаа Унион. Интересно Баварците сега може да се пофалат дека сезонава во Германија го победиле баш секој ривал со кого се сретнаа.

Претходно имаа реми со Унион Берлин но во Куп Баерн покажа зошто е најсилен во Германија.

Унион сепак си даде два гола од пенал. Се почна во 12' минута кога Илијас Анса во обид да расчисти една ситуација си ја затресе сопствената мрежа. Веќе во 24' минута на семафрото стоеше 0-2 кога Хари Кејн погоди со глава на додавање на Кимих.

Ова беше верувале или не 26-ти гол на Кејн во сите натпреварувања меѓу кои и Светско клупско првенство.

Сепак се врати тимот на Штефан Баумгарт во игра откако во 40' минута од пенал гол даде Леополд Кверфелд. Целиот стадион се разочара кога Берлинците примија нов автогол овојпат од Диего Леита во 45+4' минута за 1-3.

Во вториот дел Кверфелд пак погоди од пенал во 55' минута но тоа беше се и на крајот конечни 2-3 за Баерн Минхен кој оди понатаму.

 
4 декември 2025 - 10:05