Таг: јаја туре

Јаја Туре исфрлен од состав за хуманитарен меч - праќал порно видеа во Вотсап група

Натпреварот Soccer Aid е еден од најголемите хуманитарни настани во годината. Фудбалски ѕвезди и лица од шоу бизнисот играат на најдобрите стадиони и собираат средства за хуманитарни цели.

Кога Замбија и Брегот на Слонова Коска шутираа 15 пенали

Африкански Куп на Нации 2012. Финале: Замбија - Брег на Слонова Коска. Едниве аутсајдери, другиве дојдени со браќата Туре, со Дрогба, со Вилфред Бони, со Жервињо. Дидие промашува пенал за победа во второ полувреме, и се оди на пенали. А таму голманите дремнаа.

Најбесмислените 5 трансфери кои можеа да се случат во Серија А

Во очекување на некој хит трансфер за ова лето, одиме со оние кои ќе беа или звучат најапсурдни. Каде ли ќе беше сега Меси и дали ќе беше тоа што е сега, ако во 2002-ра година потпишеше за Комо? Истото важи и за другите.

Култниот Аргентинец кој стана прва легенда во модерниот Сити

Во овие 9 години откако Забалета е во Сити се менуваа претседатели, тренери, управи, играчи, а само тој никогаш не се смени. Остана борец кој играше за „граѓаните“ дури и кога морал да оди на операција на скршениот нос.

Коло Туре се изнаигра на песната за него

Најзаразната мелодија меѓу навивачите во последниве две сезони ги мантра имињата на браќата Коло и Јаја Туре. Песна која што ја потпевнува секој навивач што ќе ја слушне. Чекај да видите како Коло ѝ се израдува додека славеше титула со Селтик во Шкотска.

И Оскар од Челси падна во искушение за Кина

Иако има неполни 25 години и е на врвот од кариерата, Бразилецот Оскар го голтна мамецот од Кина вреден 60 милиони фунти и ризикува остатокот од светот да не ја следи неговата кариера ако замине на далечниот исток. Што е негативна страна на трансферот во Кина?

Кој е менаџерот Украинец што го нападна Пеп Гвардиола

Менаџерот на Јаја Туре, Димитри Шелук ја продолжи вербалната војна со тренерот на Сити за кого изјави дека кога Туре си одел од Барселона во Сити му рекол: Не оди во тој срање клуб. Пеп бара извинување во спротивно Туре нема да го види зелениот терен цела сезона.

Ирците и случајниот минувач

По серијата тешки видеа за гледање од Марсеј, конечно стигна нешто интересно од Франција. Навивачите на Ирска почастиле пиво еден случаен минувач, па му ја испеаа фамозната песна за браќата Коло и Јаја Туре.

Ние дресовите, ти Пелегрини оделото

Манчестер Сити се пласираше во квалификациите за ЛШ следната сезона по ремито со Свонси на гости 1:1. На крајот од мечот од последното коло, играчите ги фрлаа дресовите во публика, а истото мораше да го стори и Чилеанскиот тренер Мануел Пелегрини кој претходно ги испразни џебовите. Нов тренер на Сити од јули ќе биде Пеп Гвардиола.

Брат за брат, сирење за пари

Во финалето на англискиот Лига Куп при крајот на февруари, на мечот меѓу Ливерпул и Манчестер Сити се повреди Мамаду Сако и на негово место влезе Коло Туре. Во тој редок историски момент за фоторепортерите, двајца браќа играа еден против друг.

Кафе пауза на факултет со Агуеро, Силва и Јаја Туре

Додека балканските стадиони стигнуваат во вестите поради нивната руинираност, во Англија некои стадиони ги отворија вратите за студентските кампуси каде се одржуваат факултетски предавања.

Од Ливерпул до браќата Коло и Јаја

Стоук ги уништи со 6-1 во последното коло од Премиер, но тоа не беше причина фудбалерите на Ливерпул да не заминат во Дубаи на три-дневен одмор и да уживаат. Џерард поведе песна за братучедите Коло и Јаја Туре.

Граѓанска револуција во Барселона, Јуве чува резултат во Дортмунд

Иако се наближува Ел Класико, Луис Енрике размислува само на вечерашниот реванш од осмина-финалето против Манчестер Сити. Старата дама ќе игра пред 80.000 френетични навивачи на Дортмунд, кој брка гол негатива од Торино.

Јануарска Премиер лига без Африканците

Азискиот куп започнува утре, а оној на Црниот континент стартува на 17. јануари, по што многу англиски клубови ќе останат без клучните играчи во своите состави пред одлучувачките натпревари во сезоната.

БиБиСи бира најдобар фудбалер на Африка

Пет кандидати ја бркаат наградата за играч на годината на црниот континент според БиБиСи, а одлуката ќе падне на 1-ви декември во понеделник. Јаја Туре е кандидат по шести пат.

Јаја Туре намали годинава со трчање

Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска кој игра во средина, минатата година го имаше секаде на терен, а со 20 голови беше поефикасен и од напаѓачите на Манчестер Сити. По првите пет кола оваа сезона, се штеди.

Што му стана на Јаја Туре во тунелот?

Второто полувреме од вчерашното дерби меѓу Манчестер Сити и Челси (1-1) имаше своја увертира во подтрибинскиот простор.

Опасните петмина во Бразил

Од лидерите на своите репрезентации секогаш се очекува многу на теренот, а тоа е да го понесат товарот, да бидат организатори на играта или да го решат мечот. Ова се само неколку ѕвезди, препознатливи по своите физички карактеристики кои се очекува да блеснат во Бразил.