Манчестер Сити се пласираше во квалификациите за ЛШ следната сезона по ремито со Свонси на гости 1:1. На крајот од мечот од последното коло, играчите ги фрлаа дресовите во публика, а истото мораше да го стори и Чилеанскиот тренер Мануел Пелегрини кој претходно ги испразни џебовите. Нов тренер на Сити од јули ќе биде Пеп Гвардиола.