Граѓанска револуција во Барселона, Јуве чува резултат во Дортмунд

Иако се наближува Ел Класико, Луис Енрике размислува само на вечерашниот реванш од осмина-финалето против Манчестер Сити. Старата дама ќе игра пред 80.000 френетични навивачи на Дортмунд, кој брка гол негатива од Торино.

БАРСЕЛОНА - МАНЧЕСТЕР СИТИ (20:45)

 - Барса победи на 16 од последните 17 натпревари. Последниот пораз датира од 21 февруари минатата година, кога Малага славеше 1-2 на Камп Ноу.

- Манчестер Сити загуби три на последните четири дуели во сите натпреварувања.

- Каталонците го играат 11-то осминафинале по ред, а Сити втор пат во клупската историја.

- На домашен терен против англиски клубови, Барселона има 16 победи 11 нерешени и 2 порази. Сити во Шпанија има 1 победа 1 нерешена и 4 порази.

- Блауграна дури 33 пати минала во следната фаза откако триумфирала на првиот натпревар на гости.

- Луис Суарез даде шест голови на последните пет средби во сите натпреварувања и вечерва е најавен во првиот состав заедно со Меси и Нејмар.

- Гаел Клиши нема да игра вечерва поради парни картони, но се враќа Јаја Туре откако ја издржа суспензијата. На еден жолт картон од суспензија се Агуеро, Џеко и Забалета.

Можни состави:

БАРСЕЛОНА – Тер Штеген, Дани Алвеш, Пике, Маскерано, Алба, Чави, Ракитиќ, Иниеста, Суарез, Меси, Нејмар.

Отсутни: Вермален и Бускетц (повредени)

МАНЧЕСТЕР СИТИ – Харт, Забалета, Компани, Демикелис, Коларов, Фернандо, Фернандињо, Милнер, Туре, Силва, Агуеро.

Отсутен: Гаел Клиши (суспендиран)

БОРУСИЈА ДОРТМУНД - ЈУВЕНТУС (20:45)

- Тренерот на Дортмунд, Јирген Клоп изјави дека да бркаш гол негатива против италијански клуб е најголем предизвик во фудбалот.

- Јувентус 31 пат поминал во следната рунда, откако победил на домашен терен во првиот натпревар.

- Дортмунд славеше на 11 од последните 14 домашни средби во Лигата на шампионите.

- Во сезоната 1996/1997, Дортмунд го победи Јувентус 3-1 во финалето од ЛШ и за прв пат го крена трофејот во ова елитно натпреварување.

- Против екипи од Италија, Дортмунд има 5 победи 3 нерешени и 6 порази.

- Јувентус на гости против бундеслигашки тимови има 8 победи 5 нерешени и 8 порази.

- Бјанконерите имаат одличен учинок кога играле двомеч против Германци: 12 победи и само 3 порази.

- Јуве сезонава загуби на пет од шест гостувања во Лигата на шампионите. Старата дама славеше единствено против Малме против Шведска 0:2. 

Можни состави:

ДОРТМУНД - Вајденфелер, Кирх, Суботиќ, Хумелс, Шмелцер, Бендер, Ѓундоган, Блажчиковски, Кампл, Ројс, Обамејанг.

Отсутни: Гроскројц, Пишчек, Гинтер (повредени).

ЈУВЕНТУС - Буфон, Лихштајнер, Бонучи, Киелини, Евра, Маркизио, Погба, Видал, Переира, Тевез, Мората.

Отсутни: Касерес, Пирло, Мароне, Стураро, Де Чеље (повредени)

Играј ги во Специјалната Супер сингл понуда