Приказна за фудбалскиот пат на Џанлука Ѕамброта

„Заминав од Барса за да не ја изгубам жена ми“

Од малиот Комо до висините на Светското првенство 2006-та каде го крена највредниот златен пехар во спортот. Патот на Џанлука Ѕамброта е интересен од повеќе аспекти. Играше во најголеми европски клубови, заигра со Роналдињо но реши да се врати во татковината.

ДЕТСТВОТО НА ЏАНЛУКА

Својот прв трансфер Ѕамброта го направил на 13 години, во 1990 година, кога Комо за него му платил пет милиони лири (околу три илјади долари) на првиот тим на Џанлука, Алебио, кој го управувал пријател на татко му.

Пет години подоцна Ѕамброта дебитирал во Серија Б. Тренерот на Комо Марко Тардели го пуштил малиот Џанлука на петнаесет минути до крајот од мечот со Чезена наместо левото крило Масимилиано Ферињо и Ѕамброта му помогнал на шпицот Џовани Роси да даде гол за 2:0.

Но таа победа не го спасила Комо од испаѓање во трета лига каде Ѕамброта почнал страшно брзо да напредува. Си забетонирал место во првата постова на Комо и го пропуштил само решавачкиот меч со Емполи за влез во втората лига поради мононуклеоза, но затоа во следната сезона го дал победничкиот гол во финалето на малиот Куп на Италија (за екипи од пониските лиги) и заедно со 20-годишниот напаѓач на Емполи Лука Тони бил прогласен за најдобар играч на третата лига.

НОВА ЕПИЗОДА И ГОЛЕМИ ЧЕКОРИ НАПРЕД

Спортскиот директор на Комо Џанкарло Белтрами му го предлагал Ѕамброта на Милан но скаутот на „Росонерите“ Андреа Валдиночи кој два пати го гледал Џанлука немал добар впечаток за него.

А тренерот на Бари Еуџенио Фашети толку многу бил вљубен во играта на младиот Ѕамброта што го убедил директорот на својот клуб Карло Регали за малечкиот од Комо да плати сто илјади долари! 

Три месеци откако ја завршил сезоната во трета лига на меч против анонимниот Монтеварки, Ѕамброта се нашол на средба од Серија А против Парма на Буфон, Канаваро и Турам. Малиот Лука влекол во второто полувреме наместо Родолфо Џорџети, а после пар недели заиграл во првите 11. Круна во новиот клуб му бил голот против Виченва на почеток од сезоната. И тоа каков гол:

ПАТОТ ДО СТАРАТА ДАМА

Дванаесет месеци подоцна универзалецот Ѕамброта седел во хотел во главниот град на модата Милано наспроти Адриано Галијани кој му рекол: „Опушти се, твојата иднина е во Милан, не се стегај“. Џанлука дал усна согласност но наскоро во канцеларија кај претседателот на Бари Винченцо Матарезе на врата тропнал директорот на Јуве Лучано Моџи кој исто го сакал Ѕамброта.

Матарезе му предложил да не зборуваат за трансфер, да се напијат нешто и да ги одложат преговорите до крајот на сезоната, но сивата еминенција во италијанскиот фудбал настојувал: Не, го сакаме сега одма, во јануари, кажувај цена.

Матарезе буквално од ракав извадил цена од 30 милијарди лири (18 милиони долари) со надеж дека тоа ќе го исплаши Моџи но тој ладнокрвно се согласил и на 8. февруари 1999 година Ѕамброта потпишал договор со Јувентус а трансферот стапувал на сцена претстојното лето.

Два дена по договорот со Јуве, Ѕамброта станал вториот играч во историјата на Бари што заиграл за репрезентацијата (прв бил половина век претходно Џузепе Моро).

Џанлука добил повик за мечот со Норвешка во Пиза кој завршил без голови, но таму играл заедно со Роберто Баџо чијшто постер висел кај него дома во Комо. Пред дебито во репрезентацијата Џанлука во едно интервју признал дека едвај чека да се сретне со човекот кој бил станал негов идол после Светското 1990 година.

Пред тренингот прв му пришол Баџо и му заблагодарил за комплиментите во пресот. Тогаш Ѕамбро го добил и првиот совет од Лучано Моџи: „Ако нешто сакаш да кажеш, кажи ни нам, немој на новинарите“.

ДОЖДОТ ВО ПЕРУЏА И СОНОТ ЗА АЅУРИТЕ

Џанлука сонувал со Јуве да го освои скудетото уште во првата година но во тоа го спречи олујниот дожд во Перуџа - кога титулата отиде кај Лацио. Да се одмори од напорната сезона Ѕамброта отишол на одмор во Шарм ел Шејх со Конте и Ферара.

Брзо добил повик и за Европското 2000 каде беше најмлад играч во стартниот состав на Италија. Од преголема желба во полуфиналето против Холандија, легендарен меч, Ѕамброта доби два жолти картони до 34’ минута и го исклучија со црвен (и двата за фаули над Будевејн Зенден).

Ја остави Италија на цедило цел час да игра со фудбалер помалку во поле, а да се заборави на тоа му помогна Толдо кој одбрани три пенали и ја однесе Италија во финалето.

Финалето против Франција Џанлука Ѕамброта го гледал од трибините на „Де Кујп“ во Ротердам во друштво на родителите и девојка му Валентина. На почетокот на второто полувреме човекот кој го заменуваше Ѕамброта, Песото му асистираше на Делвекио и Италија поведе.

Во 90’ минута Ѕамброта решил да се симне во подтрибинскиот простор и да прослави со соиграчите голема победа и злато на Европско. Редарите не го пуштиле и тој застанал на тунелот каде во петнаесетина минути на два пати слушнал страшно урлање од толпата. На крајот кога Италија влегла во тунелот Џанлука видел дека се во солзи и сфатил од редарите дека Италијанците примиле два гола (Вилтор 90-та, Трезеге 103-та) и изгубиле...

Со неговиот најдобар другар Песото се договориле да не го спомнуваат Европското 2000 но на одмор на Малдивите за ништо друго не зборувале со денови, на плажа, во ресторани, во хотел. Прав кошмар.

АВАНТУРИТЕ ВО СИДНЕЈ

Во едно друго финале, на младинското Европско, Италија освои злато и обезбеди учество на Олимпијада во Сиднеј каде отпатувал и Ѕамброта.

Џанлука помогнал да се победат домаќинот Австралија и Хондурас и Италија да влезе во плејофот но таму пред мечот со Шпанија го повредил коленото на тренинг и одново седел на трибина - сега со суспендираниот Роберто Баронио. Без двајцата клучни играчи од среден ред Италија изгуби од Шпанија со гол во последната минута од Барселонецот Габри.

ПРВИОТ МУНДИЈАЛ СО ТАТКОВИНАТА

Пред стартот на Светското првенство 2002, селекторот на Италија Џовани Трапатони ги собрал играчите преку видео да ја проанализираат играта на Еквадор, првиот противник на Италија:

„Дечки, мора да бидете внимателни да отворите очи, многу се опасни“.

’Се чудевме, си викавме да не има таму некој феномен? Некој нов Марадона? Или нов Пеле? Трапатони ни зборуваше дека многу бил опасен таму некој Де ла Круз, десен бек. Го гледавме видеото со него, искрено како брат со брат сите рековме дека не е ништо посебен. Ама Трапатони зборуваше така уверено што и нас не убеди дека тој играч е феномен и невиден талент.’ напиша подоцна Ѕамброта во автобиографијата.

Како што се испостави Италија на тој турнир требаше да се пази од опасен еквадорски судија а не од еквадорски бек - во 1/8 финалето Бајрон Морено изработи победа за домаќинот Јужна Кореа, му поништи чист златен гол на Томази, го исклучи Тоти за симулација кога го фаулираа за чист пенал. Во средината на второто полувреме од тој кошмарен меч Ѕамброта се повреди (левиот бутен мускул) и на негово место влезе Анџело Ди Ливио.

КАКО СТАНАВ ЛЕВ БЕК?

Џанлука го чекала операција после која морал да пропушти три месеци но порано се вратил на тренинзи иако позицијата му ја зел Мауро Каморанези кој стигна од Верона. Тогаш Марчело Липи го тргнал на страна и му предложил нова улога на Ѕамброта - лев бек.

Липи сметал дека карактеристиките на Џанлука се идеални за таа позиција и дека таму ќе може да го замени Паоло Малдини во репрезентацијата кога ќе заврши кариера. 

Џанлука дебитираше како лев бек во декемврискиот меч против Бреша. Јувентус изгуби првпат во првенството но Ѕамброта ги убеди сите па и Липи дека фантастично може да гира на новата позиција од која стана претендент за Златна топка.

За таа вест дознал на ручек со Марко Ди Вајо кој го прашал: „Ѕамброта? Ти ли си тој? Јас не знам друг со такво презиме?

СВЕТСКО 2006 ВО ГЕРМАНИЈА И ИЗБЕГНАТАТА ТРАГЕДИЈА НА ПЕСОТО

На две недели до стартот на Мундијалот, Италија играла пријателска со Сестезе. На последните минути од мечот физиотерапевтот Алдо Еспозито ја средувал соблекувалната кога неговиот колега му рекол: „Ѕамбро се повреди“!

Го истегнал левиот бутен мускул и го пропуштил првиот меч на Светското. Во негова чест играчите таа вечер организирале забава во рибниот ресторан Форте деи Марми. 

Ѕамброта заигра на Мундијалот од второто коло и тоа како лев бек а после автоголот на Ѕакардо против САД заигра и десен бек. На три дена до четвртфиналето со Украина - шок! Бекот на Јувентус Џанлука Песото скокнал од четвртиот спрат во клупската канцеларија, во висина од 15 метри сакал да се самоубие. За среќа преживеал но имал внатрешно крварење и многу скршеници.

Ѕамброта, Дел Пјеро и Ферара веднаш фатиле приватен авион до Торино. Песото бил еден од најблиските луѓе на Џанлука Ѕамброта во Јувентус. Многу се дружеле до моментот кога Песото паузирал поради поведа, Ѕамброта му го земал местото лев бек и Песото признал дека му било криво.

Кога го посетил во болницата Молинете му ветил дека ќе го освои Светското за него. Џанлука се врати во репрезентацијата и уште во 6’ минута од мечот со Украина даде гол а во вториот дел му асистираше на Лука Тони.

ФРИЗЕРОТ МАСИМО ОДО

Пред четвртфиналето Марчело Липи се шегувал со дублерот на Ѕамброта, Масимо Одо. Одо бил главен фризер во репрезентацијата - ги потстрижувал и шишал сите соиграчи а на теренот на Мундијалот не доби ни минута.

„Масимо, како се чувствуваш? Спремен ли си?“, сериозно го прашал Липи бекот на Лацио. ’Да, мистер, спремен сум’, “Тогаш да седнам да ме скратиш овде позади“, се пошегувал Липи а Одо немал што друго освен да се насмее. По триумфот над Украина славјето било големо а Ѕамброта во автобиографијата се сеќава: „Липи ни вети дека штом се вратиме во хотелот, ако победиме, ќе влезе во езерцето во дворот. Го исполни ветувањето и нурна па излезе со риба во рацете која што таму му ја фрлил нашиот готвач Клаудио Силвестри“.

СУЕВЕРИЈАТА

Интересно Италијанците имаа многу суеверија на тој Мундијал, па така на пример Ѕамброта и Бароне барале од готвачот Силвестри два дена пред натпреварите да им спрема омлет затоа што тоа им тргнало уште од дуелот со Гана.

Џанлука во книгата „La nostra bambina“ од Фабио Канаваро раскажал дека репрезентативците на Италија на Светското 2006 секогаш излегувале од автобус после Пјетро Ломбарди, 82-годишниот секретар на репрезентацијата кој лани почина а Даниеле Де Роси во неговиот гроб ја положил својата златна медала од Мундијалот 2006.

МЕ ПРИНУДИЈА ДА ГО НАПУШТАМ ЈУВЕ, БУФОН БЕШЕ НА ПРАГ ОД МИЛАН

Некој месец откако потпишал договор со Барса, Ѕамброта се вратил од американска турнеја со клубот, седнал во такси за да оди во ресторан но шоферот бил навивач на Еспањол и одбил да го вози Џанлука.

Овој настан стигнал до новинарите а после четири дена на дербито Барса - Еспањол во Супер Купот навивачите на Еспањол извадиле банер на кој пишувале: „Ѕамброта оди си со автобус подобро“.

Блауграна го освои тој Супер Куп и тоа беше единствена титула на Ѕамброта за две години престој во Каталонија: тој беше во клубот во ерата на Рајкард и Роналдињо. Првиот се радувал што Џанлука е тука и знае италијански а вториот на тренинг доаѓал директно од плажа. „Еднаш влезе во соблекувална со песок од плажата на нозете. Со Турам се скинавме од смеење но тоа беше Роналдињо - него се му беше допуштено“.

СТРАВ ДА НЕ ЈА ЗАГУБИ ЖЕНАТА, СЕКОГАШ БИРАЈТЕ СО СРЦЕ

Втората сезона во Барселона му ја одбележила разделбата со жена му. Ѕамброта имал прекрасна вила со поглед на море на 15 километри од Барселона, но Валентина од утро до мрак седела сама во домот, се досадувала и на крајот од 2007 година се спакувала и заминала во Милано кај пријателка.

После шест месеци во репрезентацијата кога се спремал за Евро 2008, Џанлука му признал на Рино Гатузо дека сака да премине во Милан.

„Не сакав да ја изгубам Валентина и единствена шанса да ја вратам беше враќање во Италија. Веќе знаев дека во Барселона ќе дојде Гвардиола. Тој се трудеше да ме задржи но ако поминев уште две години во најдобрата екипа на светот се плашев дека ќе ја изгубам Валентина. Љубовта е поважна од се. Ако тогаш не отидев во Милан, кај жена ми, немаше да ни се роди синот Рикардо. Така што секогаш треба да бирате со срце“.

ПОЧЕТОК НА ТРЕНЕРСКИ ПАТ СО УЧИТЕЛОТ ФАБИО КАПЕЛО

Џанлука му помогна на Милан да го освои првото скудето после седум години но во следната сезона тренер стана Алегри и Ѕамброта мораше да го напушти клубот. Се спремал да оди со Сидорф во бразилски Ботафого но во последен момент трансферот пропаднал и Џанлука тргнал на тренерски курс заедно со Гросо, Канаваро, Јулиано и Пипо Инзаги.

На еден од семинарите во Коверчано Фабио Капело му кажал: „Лука ти мора да бидеш спремен дека тренерот може да биде сам против сите“. Денес Ѕамброта е помошник на Капело. Минатото лето Џанлука го смени Роберто Карлос како тренер на Делхи Динамос во Индија каде капитен беше Флоран Малуда и со екипата го освоил третото место.

Во февруари годинава играше на ревијалниот меч Куп на Легендите со Јари Литманен и Јури Џоркаеф а во фуни со Кристијано Броки му станаа помошници на Фабио Капело во кинескиот Тјанџин Сунин.