Таг: бари

Бари ли е, Бока ли е?

Страста за фудбал не познава граници, посебно кај вистинските навивачи. Погледнете ја атмосферата која ја направија навивачите на Бари на меч од Серија Б против Катанѕаро. Да не знае човек, ќе помисли дека гледа клип од Бока - Ривер. Скоро 20.000 биле на стадион. Лудило.

Луд гол, уште полуда прослава

Од Фоџа, се селиме кај третолигашот Бари на Св.Никола, стадионот на кој Панчев и Најдоски станаа европски прваци. Добра забава паднало.

Рогачката на прва од центар до Ѓорче

Се вика Алесио Сабионе, игра во одбрана за Бари и не дава топката да мине половина. Плус он има посебна способност за расчистување опасност која изгледа вака.

Навивачот на Бари кој падна од трибина е тешко повреден

Некогашниот прволигаш Бари во моментов игра во четвртата италијанска лига Серија Д. На гостувањето против Локри синоќа славеа 0-3, а прославата на првиот гол кој го постигна капитенот Ди Чезаре заврши лошо по еден гостински навивач кој тешко повредил неколку пршлени.

За Де Лаурентис стадионот на Наполи е крш како полски нужник, му се сели во Бари

Во пресрет на стартот на Лига на шампиони, претседателот на Наполи Аурелио Де Лаурентис признал дека ама воопшто не му се допаѓа состојбата на стадионот „Сан Паоло“.

Тажната судбина на Бари и нивниот стадион кој остана без вода поради неплатени сметки

Додека Јувентус успеа да издвои 30 милиони годишно или 600.000 неделно за Кристијано Роналдо, на стадионот на Бари кој во плеј-оф меч за прва лига собра 50.000 публика, му ја исклучија водата поради долг од 6.000 евра. Истиот стадион на кој Дарко Панчев го шутираше најважниот пенал во кариерата.

Како тргнала работава, Мурињо и Конте ќе се степаат наскоро

Гвардиола практично ја освои титулата во Премиер пред Нова година, па останатите тренери се занимаваат со други работи. Клоп гледа како пред негови очи продаваат и купуваат играчи за рекордни суми, Венгер се расправа со судиите, а Конте и Мурињо еден со друг.

„Заминав од Барса за да не ја изгубам жена ми“

Од малиот Комо до висините на Светското првенство 2006-та каде го крена највредниот златен пехар во спортот. Патот на Џанлука Ѕамброта е интересен од повеќе аспекти. Играше во најголеми европски клубови, заигра со Роналдињо но реши да се врати во татковината.

Патот на Звезда до врвот на Европа

Во прво коло Грасхоперс го совладаа со вкупни 5:2, во второ падна Глазгов Ренџерс со 4:1, во четвртфинале Динамо Дрезден со 5:1, а големата драма пред финалето во Бари настана во полуфиналниот двомеч со Баерн Минхен.

Што заборавивме за Просинечки

Бари 1991. Италијаните појма немаат што е тоа ужичко коло. Тие во тоа време беа горди на Тото Кутуњо кој една година претходно победи на Евровизија. Муабетот ни е дека во вчерашната статија за Роби не го ставивме ова легендарно парче за гледање каде тој е коловоџа. Панчев не го видовме, но на оро се фатени Дејан Савичевиќ, Илија Најдоски и ред други ликови. Ѕвезда е шампион во Европа, свирачи јуриш среде Италија.

Како Панчев со Фичо бил „криумчарен“ до Словенија

Црвена звезда го прослави јубилејот 25 години од освојување на Купот на Европските шампиони во Бари 1991, а за таа прилика новинари од регионов зборуваа со играчите. Во интервју за српски Телеграф, Панчев раскажува неколку анегдоти меѓу кои и таа кога со Фичо го возеле до Словенија за другите клубови да не го убедат да потпише со нив.

Голман или мачка?

И покрај поразот на неговиот Бари од Новара 3:4 во Плејофот за пласман во Серија А, голманот Алесандро Мичаи покажа пантерски рефлекси и тоа во три наврати.

Терористот Ел Бакруи користел идентитет од фудбалер на Интер

Атентаторот кој изврши бомбашки напад во метрото во Мелбек претходно низ Европа патувал со фалсификувани документи на име на фудбалер кој дебитираше кај Манчини во Серија А во 2006-та година.

Циркузантот кој Панчев го матираше во Бари

Францускиот голман го запаметивме по пеналот на Кобрата во Бари кога Црвена звезда стана европски првак. Што друго треба да знаеме за Паскал Олмета?

За поубав Бари не фрлај шише во море

Управата на италијанскиот град Бари смисли добра реклама во борбата против фрлање отпад во морето и загадување на истото. Актери: Навивачите на фудбалскиот клуб Бари. Скандирање: Incivile vattene da Bari (Несовеснику, губи се од Бари).

Судијата Папареста го спаси првиот клуб на Касано

Поранешниот италијански прволигаш Бари во последен момент избегна банкрот. По долга и голема неизвесност, клубот во кој кариерата ја започна Антонио Касано отиде во рацете на поранешниот славен арбитар, Џанлука Папареста.

Италијански ултраси вмешани во местење натпревари

Кога веќе виделе дека нивниот тим нема шанси да се спаси од испаѓање од Серија А, водачите на навивачката група на Бари решиле да заработат од поразите.