Тројца водачи на ултрасите на Бари, Роберто Сблендорио, Рафаеле Ло Јаконо и Алберто Саваресе се уапсени под обвинение дека ги принудувале фудбалерите од овој клуб да загубат натпревари на кои тие се обложувале.
Според информациите на италијанската полиција, тие учествувале во местењето на натпреварите Бари-Сампдорија, Бари-Чезена и Бари-Киево од сезоната 2010/2011 од Серија А. Екипата на Бари загуби на трите натпревари, а навивачите во обложувалниците вложиле големи суми против својот тим.
Поранешниот капитен и голман на тимот, Жан Франсоа Жиле кој сега е во Болоња и дефанзивецот Марко Роси кој во моментов игра за Чезена, признаа дека тие добивале закани, но ги одбиле барањата на навивачите.