Се сретнаа уште во Италија, кога Португалецот го носеше Интер до пехар во Лига на шампиони, а Италијанецот штотуку започнуваше сериозна тренерска кариера и се учеше на Бари и Аталанта.
Првите закачки меѓу нив почнаа во Англија.
Минатата сезона нивната прва меѓусебна средба во Премиер лига заврши со страшна победа на Челси на Конте над Манчестер Јунајтед на Мурињо, и на крајот од мечот Португалецот нешто му шепна на уво на Италијанецот (според главната верзија, на Жозе не му се допаднало како Конте го прославувал последниот гол како да бил за 1:0 а не за 4:0).
Понатаму тренерите на Манчестер Јунајтед и Челси не се обраќаа лично, туку преку медиумите, и за последниот месец ја преминаа границата на пристојноста и го извадија валканиот веш на виделина.
Како се движеше конфликтот:
Јули 2017та, Конте почна - „Ние многу сакаме да ја избегнеме таа сезона на Мурињо во Челси. Пред 2 години тие беа 10-ти“.
Мурињо одговори:
„Можам да одговарам на разни прашања, но не сакам да ги губам своите влакна на Антонио Конте“ (алудираше на ќелавоста на Италијанецот пред да пресади густа коса).
Октомври 2017, Мурињо пак го закачна Конте, но не го спомна директно неговото име:
„Другите тренери цимолат, цимолат, цимолат кој од играчите им бил повреден. Јас не цимолам“.
Јануари 2018, Мурињо за Конте:
„За да ја покажам својата страст, јас не морам да се однесувам како кловн на теренот“.
Conte on Mourinho: "He is using serious words. I won't forget this" #CFC
— Nizaar Kinsella (@NizaarKinsella) January 9, 2018
Конте му одговори жестокот:
„Некои луѓе забораваат што зборуваа и правеа во минатото (алудираше на однесувањето на Мурињо на терените). Тоа го викаат деменција, тоа значи дека си веќе стар и ти треба медицинска помош“.
Мурињо не чекаше многу:
„Да, јас правев грешки во минатото и уште правам. Но мене никогаш не ме суспендирале за наместени натпревари“. (Конте на времето го сомничеа во Италија дека договорал наместени натпревари).
Италијанецот во 2016-та беше ослободен од сите обвиненија за евентуални местени натпревари:
„Тој слабо е запознат со ситуацијата и покажа дека е мал човек. Таков беше во минатот, таков е денес, таков ќе биде и во иднина. Мурињо е таков, мал човек. Се сеќавам на глупиот случај со Раниери. Го напаѓаше Раниери за неговиот англиски, а потоа кога Раниери го избркаа, облече маичка во негова чест. Лицемерие.“
Конте продолжи:
„Мурињо продолжува да нè гледа нас (Челси). Тој си замина, но продолжи да нè следи насекаде“.
Италијанецот најави и нешто пожестоко:
„Треба внимателно да се бираат своите зборови. Ако некој сака да се степа со мене, спремен сум, нема никаков проблем. Ние двајца ќе имаме можност да се сретнеме на ’Олд Трафорд’ (на 25. февруари Манчестер Јунајтед игра со Челси). Јас и тој лице во лице. Јас сум спремен, а не знам дали е спремен и тој“.
Досега во кариерата Мурињо и Конте се сретнаа вкупно 5 пати. Италијанецот е во предност:
13.12.2009 - Аталанта - Интер 1:1
23.10.2016 - Челси - Манчестер Јунајтед 4:0
13.03.2017 - Челси - Манчестер Јунајтед 1:0
16.04.2017 - Манчестер Јунајтед - Челси 2:0
5.11.2017 - Челси - Манчестер Јунајтед 1:0