Терористот Ел Бакруи користел идентитет од фудбалер на Интер

Атентаторот кој изврши бомбашки напад во метрото во Мелбек претходно низ Европа патувал со фалсификувани документи на име на фудбалер кој дебитираше кај Манчини во Серија А во 2006-та година.

Калид Ел Бакруи, бомбашот самоубиец на метро станицата во Брисел во летото минатата 2015-та година престојувал и во Италија, од каде заминал во Атина. Веста која што ја пренесе дневникот на Скај ТЏ24 беше поткрепена со тврдењата на досието за Антитероризам.
 
Човекот користел лажни документи на име Ибраим Маруфи, поранешен фудбалер на Интер. Маруфи, натурализиран Белгиец со мароканско потекло играше цели две сезони во Интер и собра вкупно шест настапи во Серија А и во Копа Италија.
 
Терористот од Брисел се служел со негови податоци за да изнајми стан кој потоа се претворил во гнездо од каде се спремале команди за масакрот во Париз. Веста дека Калид Ел Бакруи лажно го користел идентитетот на Маруфи кружела некое време, но никој до денес не знаел дека тоа е всушност поранешниот фудбалер на Интер.

Роберто Манчини, актуелниот тренер на Интер во првиот престој на Џузепе Меаца го пуштил во игра Ибраим Маруфи на 25. ноември 2006. година на мечот Интер - Ливорно 4:1. Маруфи влегол на место Станковиќ во 82’ минута.
„Го паметам како одличен играч од средината. Дојде од младинците на ПСВ, беше технички многу поткован. Одличен дечко којшто се двоеше од другите по посветата и трудот.“ изјави Манчини пред некоја година за него. По Интер, Маруфи играше уште и за Виченца и Паганезе. Маруфи од 1. декември 2015-та година игра во ФК Шаербек, екипа од населбата во Брисел каде што живееле браќата Ел Бакруи.
Што се однесува до терористот Калид Ел Бакруи, тој во Италија слетал во Тревизо со лет на Рајанер од Брисел на 23 јули 2015-та. Билетот го купил со кредитна картичка на име на друг човек. На контролата на аеродромот користел белгиски патни исправи. Преспал во хотел близу аеродромот во Венеција и на 24 јули во 5 наутро заминал за Атина.
 
Токму во Атина една недела подоцна стигнал од Бари и Салах Абдеслам, организаторот на нападите во Париз кој беше уапсен во средината на март во Моленбек.