Во модерниот фудбал тоа е Мануел Ноер. Голман кој често игра како петти играч во одбраната, истрчува, дрибла и повлекува акција. Пред 25 години тоа беше Паскал Олмета. Некогашниот голман на Тулон, Бастија, Олимпик Марсеј и Лион, на овие простори познат од 29. мај 1991 година кога Панчев го матираше во пенал серијата.
Олмета е најдобар другар на Ерик Кантона, а не залудно е народната „со кој си, таков си“. Откако се пензионираше, Олмета бранеше за француската репрезентација во фудбал на песок и во 2001. година го прогласија за играч на Светското првенство, каде како голман беше меѓу водечките стрелци.
Дриблаше на сред Олд Трафорд против Манчестер:
Немало натпревар да не направи циркуз::
Легендарниот момент на Панчев и Олмета: