Комо, Наполи, Интер и Рома загубија со навистина обесхрабрувачка статистика. Примија вкупно 14 гола и тоа три од нив после испуштена предност. Залудени беа деветте погодоци кои ги постигнаа.
Никогаш претходно не се случило сите италијански екипи да бидат поразени во иста рунда од Лигата на шампионите.
Уште еден лош податок, се однесува на лошото чување на предноста. Наполи, Комо и Рома имаа водство, за разлика од Интер, но никој не успеа да ја сочува.
„Нивото во Лигата на шампионите е повисоко. Кога играте против помали или просечни екипи во други турнири, тоа не се забележува, но кога играте во Лигата на шампионите веднаш се чувствува“, изјави Алегри по натпреварот против Виљареал.
Наполи имаше предност против шпанскиот тим со голот на Рахмани во 8 минута, но Виљареал им го сврте мечот во рок од 3 минути уште во првиот дел.
Истата вечер 22 годишниот германски напаѓач Николо Тресолди, кој е инаку роден во Италија, го торпедираше Интер со хет-трик, во меч кој Клуб Бриж го доби со 3:4.
Слично како Наполи и фудбалерите на Комо имаа рано водство синоќа против Феенорд на гости, но потоа примија 3 комада.
Врвот на разочарувањата на италијанските екипи го доживеа Рома која до 83-та минута имаше победа в раце од 3:1 против својот поранешен тренер Жозе Мурињо. Но, во рок од 7 минути се распадаа и примија 3 гола.