Таг: јувентус

Скандалозно видео на јавниот обвинител: Голем навивач сум на Наполи, го мразам Јувентус

Само две недели откако во Серија А пукна голем скандал со финансиски малверзации во кој првообвинет е Јувентус, човекот кој има задача да ги докаже измамите на бјанконерите, на јавен настап изјавува дека ги мрази.

Кои трансфери се сомнителни во Јувентус, но и во Интер, Милан, Наполи, Лил?

Од 62 трансфери кои предизвикуваат сомнеж кај италијанската федерација и органите на прогонот, дури 42 ги извршил Јувентус. Кјелини за време на короната наводно договорил пари под маса за цел тим, а Де Лихт и Де Шиљо испраќале скриншотови од разговори во полиција и обвинителство.

Обвинителството бара да му се одземат 9 бода на Јуве

Пред дебаклот од Наполи, Јувентус влезе во одлична серија и фати приклучок за да се бори за врвот. Но покрај фудбалската, паралелно води и судска битка која може многу да и отежни ако не ја добие.

Кога Јувентус последен пат примил 5 гола, меѓу стрелците бил и Алегри

За најтрофејниот италијански клуб несвојствено е да прима по 5 гола на натпревар. Наполи на медиумите им отвори работа да копаат во историјата кога претходно им се случувале вакви порази. Со последните два е поврзан Алегри.

Како се служи наполитанско кафе после петардата над Јуве?

Кога во Италија се нарачува кафе, се мисли на еспресо, ама од викендов во Неапол најслатко и најпродавано кафе е капучиното.

Ањели: Се соочуваме со деликатен момент како клуб, нема единство

Првиот човек на Јувентус напиша писмо за збогум со Јувентус, вработените, играчите, стручниот штаб, навивачите. „Подобро да заминеме сите заедно давајќи можност за нов тим да направи пресврт“.

Суров факт за Јувентус и Андреа Ањели

Во четвртфинале испаднаа од Ајакс (2018/2019), а потоа три пати по ред во осминафинале од Лион (2019/2020), Порто (2020/2021), па Виљареал (2021/2022), за годинава да завршат уште во групна фаза со само 3 бода и да бидат елиминирани од Бенфика. На имињата на овие екипи кои не се доволно „гламурозни“ треба да се потсети газда Ањели.

Атракција од гол во Лисабон, жртва Јувентус

Јувентус губи 3:1 од Бенфика после првиот дел и ако го загуби овој меч и дефинитивно испаѓа од Лига на шампиони. Рафа Силва си поигра и со одбраната и со голманот и го постигна голот на колото. Бонучи како да е на екскурзија.

Ултрасите на Јуве: Бонучи никогаш не бил лидер и нема да биде ниту во Пиза, а не па во Јувентус

Јувентус бележи лош старт во новата сезона. Има серија од три меча без победа во Серија А и уште два порази во ЛШ. По срамот од Монца навивачите се бесни на гестот на капитенот Бонучи поради тоа што го одвел тимот на извинување под трибина.

Резилот на Јувентус во Монца

Тимот на Макс Алегри е дефинитивно во криза откако денеска стигна до петти меч без триумф. Има два порази во ЛШ од ПСЖ и Бенфика и нерешено со Фиорентина и Салернитана. Кулминацијата им е денешниот пораз од новиот прволигаш Монца кој ја слави првата победа во Серија А од 1:0.

Ди Марија се чуди на одлуката што Алегри го вади Милик

Во 70-та минута во ситуација кога Јуве губи 1:2 од Бенфика, Макс Алегри одлучи да извади напаѓач и тоа стрелецот на голот Милик и да го стави 21 годишниот Николо Фаџоли од среден ред кој патем нема заиграно во ЛШ. Камерите го уловија Ди Марија како се чуди поради измената, а одлуката на Алегри е топ тема во италијанскиот печат. Јувентус никогаш во историјата не стартувал во Лига на шампиони со два порази.

Голот на Милик е регуларен, ВАР го заборави Кандрева

Во 12 минутното судиско продолжение на мечот Јувентус - Салернитана најголемата драма се случи поради голот за 3:2, коj според тврдењата на Скај Спорт не требало да биде поништен.

Судиското надополнување на Јуве од 12 минути лудило

Јувентус има слаб старт во Серија А со само 10 освоени бодови од можни 18. Синоќа одигра четврти нерешен натпревар и тоа против Салернитана од која губеше 0:2, а до бод стигна во 93-та минута. Финишот беше тешка драмолетка.

Тоа е, уморен сум

Хаун Куадрадо против ПСЖ во ситуација кога имаше игра еден на еден, четворица во шеснаесетник и ред други порационални решенија.

Генијална асистенција на Нејмар за мајсторски волеј на Мбапе

ПСЖ ја разби одбраната на Јувентус по само 5 минути игра, а главни на дербито на вечерта се Мбапе и Нејмар кои изрежираа акција која ќе се врти цела сезона во ЛШ.

Акцијата на Јуве за која цел интернет им фаќа сеир

Јувентус одигра 0:0 на гостувањето против Сампдорија во 2. коло од Серија А, а навивачите со дрва и камења против Алегри поради оваа очобол акција, која среќа што е убрзана во 40 секунди. Никако не можат да се спојат со средниот ред, а Влаховиќ во прво полувреме имал бедна статистика од три допири со топка.

Ди Марија манија меѓу навивачите на Јуве

Најтрофејниот италијански клуб го доби првото големо засилување ова лето. Во Торино слета Анхел Ди Марија од ПСЖ како слободен играч за годишна плата од 7 милиони евра. Навивачите беа во транс кога пристигна аргентинската звезда. Следен е Погба.

Кои клубови имаат најмногу навивачи во Италија?

Се работи за скокотлива и омилена тема, најмногу за навивачите кои водат битки на Фејсбук. Овој пат е претставена на мапа која е направена според тоа за кои екипи се навива најмногу по региони. Води најтрофејниот италијански клуб Јувентус, кој и покрај тоа што е од север, има најголена фан база на југот. По нив се двете екипи од Милано.

Како заврши сезоната за Интер и Милан кога Јуве последен пат остана без трофеј

Пред ја почне низата од 9 Скудета во низа, Јувентус во сезоната 2010/2011 не успеа да освои трофеј. Купот заврши кај Интер, а Скудетото кај Милан. Сезонава историјата ќе се повтори?

Спектакуларно Куп финале во Рим со 6 гола, голчишта на Барела и Перишиќ

Јувентус и Интер приредија шоу на Олимпико во финалето на италијански Куп кое го доби Интер со 2:4 по продолженијата, 2:2 во регуларните 90.

Колкави казни бара обвинителството за Јувентус, Наполи и нивните раководства?

11 италијански екипи и вкупно 61 раководно лице се обвинети за административни прекршоци поврзани со трансфери. Најголем дел од обвинетите, вкупно 11 се од Јувентус.

Сите драматични ситуации на Јувентус - Интер

Избраниците на Алегри и Инѕаги целосно го оправдаа епитот „дерби на Италија“. Можеби не со убавината на играта, колку со борбата на терен и пожртвуваноста. Судијата Ирати глава не крена од работа. ВАР, пенал, од ново пенал, кавги, картони, глума, остри фаули...

Спектакуларна увертира на дербито на Италија со хит од Џон Ленон

На само неколку мигови пред стартот на мечот Јувентус - Интер, светлата на Алијанц се изгаснаа поради перформансот на италијанската пејачка Гаја Гоци и Украинката Катерина Павленко. Ја изведоа „Imagine“, во чест на Украина, а со нив запеа и публиката. Емотивен момент со порака за мир.