Топка со очи на Елмас во 93-та за голема победа на Наполи против Јуве

Во драматична и неизвесна битка, Наполи го совлада Јувентус на гости со гол во продолженијата. Работата ја завршија џокерите Елмас и Распадори. Првиот со прекрасна асистенција, вториот со уште поубав волеј. Веќе прашање се денови кога ќе го видиме вториот македонски фудбалер со Скудето в раце. Постои можност тоа да се случи веќе следното коло.

Имаат +17 на 7 кола до крај. Следниот викенд ја пречекуваат Салернитана.

24 април 2023 - 08:01