Обвинителството бара да му се одземат 9 бода на Јуве

Пред дебаклот од Наполи, Јувентус влезе во одлична серија и фати приклучок за да се бори за врвот. Но покрај фудбалската, паралелно води и судска битка која може многу да и отежни ако не ја добие.

На новото судење на Јувентус кој е осомничен за финаниски малверзации, Обвинителството побара одземање на 9 бодови за сезонава.

Потоа казни и за раководните лица почнувајќи од 20 месеци суспензија за Паратичи, 16 за Ањели и 12 месеци за Недвед.

Ова се нови барања за Јувентус, додека за другите десетина клубови важат истите казни од првото судење во април минатата година, а тоа се парични. Со најголеми се соочуваaт Парма (338.000 евра) и Сампдорија (195.000 евра).

Покрај за првите луѓе на кои Јувентус, санкции се бараат за вкупно 52 раководни лица за клубови од Серија А и Серија Б.

Газета дело Спорт пишува дека откако главниот обвинител Џузепе Кине, со најголемото внимание ги проучувал документите од истрагата на Јавното обвинителство на Торино, убеден е дека има во рака нови елементи на докази кои покажуваат прекршоци врз основа на член 63 од Законот за спортска правда.

Со нив би можело да се изречат казни кои ги нарекуваат нежалливи и неотповикливи. Во овој случај станува збор за прислушкување и документи, вклучително и таканаречена „црна книга“ на директорот Фабио Паратичи.

Инаку како резултат на истрагата за спорни финансиски извештаи од периодот 2019-2021 за регистрација на играчи, трансфери и плати, за време на Мундијалот во Катар, Андреа Ањели заедно со сите членови на управата си поднесоа оставки.

Пред два дена за нов претседател на Јувентус е назначен 60 годишниот Џанлука Фереро.

Ањели: Се соочуваме со деликатен момент како клуб, нема единство

20 јануари 2023 - 15:20