Андреа Ањели го напушта Јувентус после 12 години престол на кој седеше како четврти член на фамилијата Ањели, после дедо му Едоардо, чичко му Џани и татко му Умберто.
Седна на претседателската функција на 19 мај 2010-та, станува на 28 ноември 2022-ра. 12 години исполнети со 19 трофеи од кои 12 Скудета, 5 Купови на Италија и 5 Супер Купови, како и две финалиња во ЛШ во 2015-та и 2017-та кои ги загубија од Барселона и Реал.
Ањели заминува како голем лидер на богат проект со нов приватен стадион, направи целосна трансформација и го врати клубот на височините после кризниот период и испаѓањето во втора лига.
Со ова мотивирачко писмо им го остава клубот во аманет на неговите наследници, да продолжат по истиот шампионски пат.
Почитувани, играњето за Јувентус, работењето за Јувентус носи само една цел: Победа. Тие што имаат привилегија да го носат дресот на бјанконерите го знаат тоа. Оние кои работат во тимот знаат дека напорната работа го победува талентот, ако талентот не работи напорно. Јувентус е еден од најголемите клубови во светот и оние кои работат или играат тука, знаат дека резултатот производ благодарение на работата на целиот тим.
Нашата историја и ДНК не навикнаат да победуваме. Од 2010 година ја почестивме нашата историја со извонредни резултати: Стадион, 9 Скудета по ред, први во Италија со серии Netflix и Amazon Prime, J|Medical центар, 5 последователни Скудета кај жените. Потоа, договорот со Фолксваген (малкумина знаат за тоа), финалињата Берлин и Кардиф (за кои најмногу жалиме), договорот со Адидас, следната генерација Coppa Italia, првиот клуб што претставува тимови во Извршниот Комитет на УЕФА, Ј|Музејот и уште многу повеќе.
Часови, денови, ноќи, месеци и годишни времиња со цел секогаш да се подобруваме. Бернабеу, Олд Трафорд, Алијанц Арена, стадионот Вестфален, Сан Сиро, Георгиос Караискакис, Селтик Парк, Камп Ноу: каде и да одевме кога тимот беше обединет, од никого не се плашевме. Кога тимот не е обединет, тогаш тоа им го отвора патот на противниците и тоа може да биде фатално. Во тој момент, мора да имате остар ум за да ја намалите штетата: Се соочуваме со деликатен момент како клуб и нема единство. Подобро да заминеме сите заедно давајќи можност за нов тим да направи пресврт.
Нашата совест ќе биде нивен предизвик: да се виде на вистината на историјата на Јувентус. Ќе продолжам да замислувам и да работам за подобар фудбал, поткрепен со фразата на Фридрих Ниче: „Оние што беа видени како танцуваат, беа третирани како луди од оние што не можеа да ја слушнат музиката“. Запомнете, насекаде ќе се препознаеме со еден поглед: Ние сме луѓе на Јуве. Одиме до крај“.