30 мај 1993-та, Пескара - Јувентус 5:1. Од тогаш датира последниот идентичен дебакл на Старата Дама со оној од викендов во кој со погодок учествуваше и Елиф Елмас.
Се работи за Јувентус предводен од Џовани Трапатони. И тоа Јуве повел по само 2 минути игра со голот на Раванели, а иронијата вели дека израмнил 25 годишниот Масимилијано Алегри, кој четири години подоцна станува играч на Наполи.
За Јуве тогаш од славните имиња играле Перуци, Ди Канио, Конте, Роберто Баџо, а Виали и Дино Баџо биле повредени.
Капитен на Пескара е легендарниот Дунга кој следната година ќе го освои Мундијалот со Бразил.
Тоа е сезона во која Милан го освоил Скудетото, а Јуве во претпоследното коло и гостувал на Пескара со европски мамурлак, односно 10 дена по освојувањето на Купот на УЕФА.
Инаку последната петарда од Наполи им е од 20 ноември 1988-ма, кога загубиле 5:3, а титула славел Интер под водство на Трапатони.
Наполитанците низ историјата уште во два наврати им дале 5 гола на Јуве, ама не во Серија А. 5:1 во Суперкупот на Италија 1990-та и 5:0 во Купот на Италија 1978-ма.
Во првенство, Јуве има примено 5 гола и два пати од Милан и по еднаш од Сампдорија, Варезе, Фиорентина, Интер и Рома.
Статистиката брои 13 порази од 4:0. Последните два им се од Рома (2003/2004), стрелци Касано (2), Дакур и Тоти и Лацио (1995/1996), стрелци Казираги (2), Сињори и Рамбауди.
Јувентус има примено на три пати по 6 гола: Јуве - Виченца 2:6 (1942/43), Јуве - Триестина 2:6 (1939/40) и Интер - Јувентус 6:0 (1953/54).
Највисокиот пораз им е дома од Милан со 1:7 (1949/50).
Елмас го измрда Филип Костиќ за петарда и дебакл на Јувентус