Продолжува проклетството на Јувентус во нокаут фазата од ЛШ кој повторно се соочува со елиминација од противник против кој имаше статус на фаворит. Виљареал и нанесе дебакл на Старата Дама со 3 комада за 14 минути. Челси со пресврт славеше против Лил.
И покрај тоа што домашните навивачи „го испратија во пеколот“, сепак напаѓачот на Јувентус ги проголта сите навреди и отиде да го гушне довчерашниот соиграч кој ја реши првата полуфинална пресметка со автогол во 91-ва минута.
Во ситуација и кога ги немаат стандардните Иличиќ и Ѕапата, Аталанта секогаш знае да извади силно оружје. Овој пат тоа беше Украинецот Руслан Малиновски кој влезе како џокер во второ и му испука бомба на Јувентус, кој се спаси од пораз во судиско.
Познато е ривалството меѓу Интер и Јувентус, како и нивните навивачи. Имало разно разни банери, ти ваков, ти таков, ама не се сеќаваме на ваков тип на парола и тоа поставена од навивачите на Јувентус за газда Ањели, која гласи вака:
Канцелариите на Јувентус деновиве се размонтирани од претреси. Спортскиот директор Федерико Керубини поминал околу 9 часа во испрашувања. Андреа Ањели итно свикал состанок со најголемите акционери во клубот, а акциите на Јуве паднале за 34%.
Македонската фудбалска федерација активно работи на идејата да ја засили најдобрата селекција во иднина. Кристиан Шекуларац и Албијан Хајдари се едни од имињата кои би можеле да се најдат на некој од следните списоци на селекторот Благоја Милески.
Серијалот на Амазон, насловен како „Juventus All or Nothing“ ја открива напнатата атмосфера во соблекувалната на Јувентус, кога минатата сезона не успеаа да го минат осминафиналето во ЛШ. Роналдо вика по сите и само Квадрадо му се спротивставува.
Викендов се играше Лацио - Јувентус, меч од кој на социјалните мрежи кружи фотографија за која штета што нема инфо. Барем да дознаевме од каде е ликов.
Од можни 33 бода, Јувентус до сега успеа да освои само 15, нешто незапаметено, барем во ерата на Андреа Ањели кој врза 9 Скудета во низа. Загубија од Сасуоло и Верона, а претходно од Наполи и како капак на твитов и од Емполи.
Според техниката и стилот на игра го споредуваат со Клаудио Маркизио, а со фасцинантнава акција покажува дека има квалитети и за во напад. 19 годишниот талент на Јувентус е роден во Пјаченца, но има македонско потекло од двајцата родители. Штета што ја одбра Италија за која веќе има и еден настап во У-20, откако претходно настапуваше за У-17 и У-18. Инаку почна во македонската репрезентација У-17, а втора сезона е член на Јувентус за играчи до 23 години.
Французинот важи за еден од најдобрите леви бекови на сите времиња. За Манчстер Јунајтед играше 9 сезони (од 2005 до 2014-та) и освои 5 шампионски титули, 3 Лига Купа, 4 Комјунити шилда, Лига на шампиони и Светско клупско првенство. Ама...
Со головите на Сандро, Дибала и Мората, Јуве во првото полувреме го отвори и го затвори мечот против Малме со конечни 0:3. Додека во вториот дел го одржуваше водството, во еден момент дриблинг направи Павел Недвед.
Ако некој од сите стотици фудбалери кои играа на Европското првенство летово заслужи да му се израдува на големиот и скапоцен пехар, тоа со сигурност е и најхрабриот воин Џорџо Кјелини, столбот на Италија.
Неизвесноста за пласман во елитата остана до крајот на сезоната во Италија и ќе се решава во последните 90 минути. Од пет екипи, спласна на три кои ќе се борат за две места. Милан си го искомпликува животот.
Легендарниот голман, можеби најдобар чувар на мрежата на сите времиња во историјата на фудбалот, по сè изгледа носи дефинитивен крај. За разлика од минатиот пат, сега речиси сигурно ќе се збогува со бубамарата.
Стоперот на Милан кој е позајмен од Челси со право на откуп по крајот на сезоната, одигра фантастични неколку месеци и е меѓу позаслужните што росонерите го чуваат местото кое после долги години ќе ги однесе во Лига на шампиони. Фикајо Томори против Јувентус постави нов рекорд за одраз од земја при постигнат гол со глава.
Поранешниот младински репрезентативец на Македонија кој е член на Јувентус У-23, на мечот против Сасуоло изведе велелепна мајсторија во манир на светски напаѓач.
После една таква апсолутна доминација, се очекуваше некој да им ја прекине серијата од 9 Скудета во низа, ама не да им биде загрозено и местото во ЛШ, особено со таков состав и Роналдо во тим.
Мауаса Фету од Рен денеска на понеделнички тренинг за домашно ќе добие вежбање слободни удари, а за Бентакур не знаеме што да искоментираме. Од тоа што се гледа е дека и ја подаде на трибината.
Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев денеска со својата Џенова изгуби од шампионот Јувентус 3:1. Гоче одигра 63 минути и не успеа да ја затресе мрежата на тимот кој неколку пати го матираше во минатото. Во еден момент Пандев разговараше и се посмеа со Буфон, па многумина нагаѓаат дека се шегувале за пензијата.
Каква носталгија враќаат овие моменти. Пред 23 години во еден од бесконечните дуели меѓу двајцата стари другари, Франческо го матира Џиџи со маестрален лоб, негов препознатлив потег во кариерата. Буфон овде брани за Парма.
Откако направи фантастична играчка кариера, некогашниот талентиран бисер на НК Марсонија со румени образи тргна во фудбалска Одисеја. Ја потврди својата класа во Баерн Минхен, а денес стана тренер на ЦСКА Москва. Интересен пат.