Таг: јувентус

Вие на овесни снегулки да не бевте викендов?

Мауаса Фету од Рен денеска на понеделнички тренинг за домашно ќе добие вежбање слободни удари, а за Бентакур не знаеме што да искоментираме. Од тоа што се гледа е дека и ја подаде на трибината.

За што разговараа Пандев и Буфон, двете вечни легенди

Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев денеска со својата Џенова изгуби од шампионот Јувентус 3:1. Гоче одигра 63 минути и не успеа да ја затресе мрежата на тимот кој неколку пати го матираше во минатото. Во еден момент Пандев разговараше и се посмеа со Буфон, па многумина нагаѓаат дека се шегувале за пензијата.

23 години од лобот на Тоти со Буфон

Каква носталгија враќаат овие моменти. Пред 23 години во еден од бесконечните дуели меѓу двајцата стари другари, Франческо го матира Џиџи со маестрален лоб, негов препознатлив потег во кариерата. Буфон овде брани за Парма.

Фудбалското патешествие на Ивица Олиќ и како се возел во автобус со идолот Роналдо

Откако направи фантастична играчка кариера, некогашниот талентиран бисер на НК Марсонија со румени образи тргна во фудбалска Одисеја. Ја потврди својата класа во Баерн Минхен, а денес стана тренер на ЦСКА Москва. Интересен пат.

Админот на Беневенто Балкан Фанс пуштен на најјако

Јувентус - Беневенто 0:1, (коефициент 14 за двојка) е шокантен резултат и за Јуве и за навивачите, а и за кладилница се разбира. Најсладок од сеирџиски аспект е за Беневенто Балкан Фанс. Пет статуси врзаа после сензацијата.

Реал потрошил 304 милиони евра за 6 играчи кои за 3 години дале само 35 гола

Реал Мадрид игра офанзивно најслаба сезона во последните 14 години. Тоа е сèшто треба да знаеме за нападот на „кралскиот тим“ кој делува просечно.

Хет-трик на Роналдо за 22 минути откако избегна чист црвен картон

Шампионот Јувентус глатко води 0-3 против Каљари на гости. Португалецот постигна три гола во рок од 22 минути од кои еден од пенал. Ама куртули и да не добие чист црвен картон за старт за кој секој друг играч би бил исклучен.

Не е пирова победа, туку?

Знаат да погодат штос дечкиве од Спортлајф нема збор, секогаш актуелни на темата.

Твит на денот за богатите

Претседателот на Јувентус е еден од главните заговорници на нова Европска Супер Лига, привилегирана само за најбогатите клубови. Не му биле доволно „гламурозни“ Ајакс, Лион и Порто, екипи кои три години по ред го исфрлаат Јуве од Лига на шампиони.

На Марко изгледа идол му е Бускетс

Голем е влогот во Лига на шампиони и плус не е мала работа да го елиминираш Јувентус со Кристијано Роналдо, па одиш со сите средства без разлика на големиот ремет кој ти следува. Марко Грујиќ во финишот играше жмурки во стилот на Бускетс. Коментаторот прсна од смеење.

Ариведерчи Јуве со мајсторски слободен удар на Оливеира во 115-та минута

Трилер четвртфиналето во Торино заврши по 120 минути фудбал со елиминација на Јувентус и покрај триумфот од 3:2. Порто водеше на полувреме, Киеза со два гола го сврте мечот и со 2:1 го однесе Јуве во продолженија. Драмата продолжи во финишот во кој паднаа два гола.

Трите опасни шанси на Јуве

И покрај негативата на полувреме, Јувентус се врати во игра за четвртфинале и со 2:1 го однесе во продолженија мечот против Порто. Момците на Пирло можеа да ја завршат работата уште во регуларниот дел, но се изнапромашија.

Чудесија од гол на Киеза

Јувентус ја збриша Специја со 3:0, стрелци Мората, Киеза и Роналдо во второ полувреме. Погледнете што изрежира син му на славниот Енрико Киеза кој полека се претвора во негов наследник. Како го изведе ова бе дете?

Како сезоната на Јуве се претвори во кошмар и се оддалечи во трката за титулата

Јувентус повеќе не се ѕверови како што беа некогаш. Беа тим кој сееше страв, но се чини дека забите на ајкула ги замени со оние на зајакот.

Зизу по хаос го памети последното гостување во Бергамо

Фудбалерите на Реал Мадрид вечерва гостуваат кај Аталанта во првиот меч од 1/8 финалето на Лига на шампиони. Тренерот на „кралскиот клуб“ пред 23 години од клупата за резерви тогаш како играч на Јуве гледаше хаос на трибините.

Трејлер за документарецот за Јувентус на Амазон

Италијанскиот шампион Јувентус соопшти дека наскоро гледачите ќе можат да го гледаат ексклузивниот серијал насловен “All or Nothing” кој го снима Амазон. Од близу со фудбалерите и внатре во клубот на дневна база, со интересни интриги и занимливости, по примерот на Тотенхем кој снимаше со Амазон.

Пази судар Кристијано

Фудбалерите на Јувентус вечерва нешто не беа во елемент против Порто. Одбраната киксираше по само 60 секунди и примија гол, а Алекс Сандро му се постави многу тромаво на Роналдо со што го изведоа најкомичниот потег на вечерта.

Киксерска ноќ за Јуве и пораз од Порто, Борусија ја освои Севиља

За 60 секунди во прво и 18 во второ полувреме, Порто го совлада неподготвениот Јувентус кој со гол во 82-ра минута извади поволен пораз од 2:1 на гости. Севиља ќе има потешка задача, затоа што на реваншот ќе патува со пораз од 2:3 на домашен терен.

Мекени се претвори во Кјелини

Финалето го имаа в рака со 0:0, а од 90-та до крај Јуве да прими два гола е скоро невозможно. Но за секој случај Вестон Мекени му се постави на Перишиќ како столб и му одигра како врвен деванзивец. Плус истрча од еден до друг крај. Какво гинење за тимот.

Се рчнаа Конте и Ањели

Големото дерби на Италија, овојпат во реваншот од Купот, заврши 0:0 и Јувентус е првиот финалист поради триумфот 1:2 на првиот меч. За време на дуелот имаше тензија меѓу претседателот на Јувентус и тренерот на Интер кој долги години го водеше токму шампионот на Италија.

Ѕвездата на Јувентус што слави голови со волшебното стапче на Хари Потер

Вестон Меккени стана еден од најдобрите фудбалери на италијанскиот шампион кој скоро сигурно ќе го откупи неговиот договор од Шалке. Американецот е прав хит во Серија А, а против Болоња на интересен начин го прослави голот.

Роналдо стана најдобар стрелец во историјата и му донесе Суперкуп на Јувентус

Кристијано Роналдо (35) постигна гол во триумфот на Јуве од 2-0 над Наполи во Суперкупот на Италија и го надмина апсолутниот рекордер Јозеф Бицан на вечната листа најдобри стрелци на сите времиња.

Приказна за пеколното детство на Карлос Тевез во опасниот реон Фуерте Апаче

Фудбалот наскоро ќе остане и без еден од најголемите асови на оваа игра. Човекот кој можеби од сите познати ѕвезди имал најтешко детство, растен без убиениот татко и мајка му која го оставила како бебе.

Авио летови со CR7 Airlines

Во саботата Јувентус со 0:4 ја победи Парма, а Кристијано Роналдо уште еднаш докажа дека возраста е само илузија. Португалецот постигна два гола од кои едниот со глава после небесен скок.