Да ви каже Евра дали е поголем Јувентус или Манчестер Јунајтед

Французинот важи за еден од најдобрите леви бекови на сите времиња. За Манчстер Јунајтед играше 9 сезони (од 2005 до 2014-та) и освои 5 шампионски титули, 3 Лига Купа, 4 Комјунити шилда, Лига на шампиони и Светско клупско првенство. Ама...

Во дресот на Јувентус освои 2 скудета во Серија А, 2 Купа на Италија и 1 Суперкуп. Вика дека не се плаши искрено да каже дека во Јувентус многу понапорно се работи, се тренира, буквално ти контролираат сè и те принудуваат да се храниш во клубот за да држиш строга дисциплина.

„Научив многу во Јуве, исто така и тактички. Јувентус беше мој најголем предизвик. Многу сум горд што играв за Јувентус. Во ДНК им е да работат страшно многу. Начинот на таков живот да те контролираат? Можеби не е убаво ама се навикнуваш, за млад играч е многу важно тоа.

Еднаш видов како еден млад играч повраќа, ама они го тераа тренингот до крај. Памтам дека секој меч сакаа да трчам по 12 километри од натпревар. Јас бев во стил „нема смисла зошто имаме контрола на топка“. Некои натпревари претрчував 9, некои 10 километри, а после само два дена подоцна на тренинг морав да трчам 12 километри. Тренингот е потежок од натпреварите, така што ме чуди некој кога ќе каже дека е лесно да се игра во Италија. Тоа беше шок за мене (колку се работело)“

Плус:

Евра и шегата за Роналдо, овците и куќата