Или ако сакате неконстантноста на другите екипи кои паѓаат и не успеваат да се задржат на шампионската патека до крај.
Оваа серија на Наполи од 8 во 8 не е рекордна во Серија А, туку се повторува по петти пат. Наполитанците ја остваруваа втор пат во историјата, овој пат со наш човек во тим и три пати ја бележи Јувентус.
Од табелата може да се забележи дека во сезоната 2017/2018, Наполи под водство на Сари имал идентичен старт како Спалети, кој следниот викенд ќе се обиде да испише клупска историја против Жозе Мурињо во Рим.
И тогаш како и сега на -2 му дишела екипа од Милано, во тој случај Интер. Потоа се држел и на прва позиција и на полусезона, ама било многу тесно. Јуве заостанувал само -1 и на крај ја славел титулата со +4.
Во другите три сезони Јуве стартувал со 8 од 8 и не го давал тронот до крај.
Низа од 9 победи на првите 9 меча се случила само еднаш и тоа во сезоната 2005/2006. Ја остварил Јуве, а потоа освоената титула поради скандалот со местење натпревари му беше препишана на Интер.
Рекордниот победнички старт во италијанскиот фудбал и натаму го држи Руди Гарсија со Рома, кога во 2013/2014 почна со 10 од 10. Крајот за Римјаните може да се нарече дебакл, бидејќи останале без Скудето со разлика од дури 17 бодови.