Епохата на Џанлуиџи Буфон дојде до крајот. Иако уште не е јасно дали крајот во Јувентус или во целост крај на кариерата. 43-годишниот Џиџи соопшти дека го напушта клубот кога ќе заврши сезоната.
Одлуката дека заминува од Јувентус на 43 години Џиџи Буфон ја објави во вторникот во студио на beIN Sports.
„Или ќе завршам или ќе најдам друга екипа. Мислам дека дадов се. Циклусот во Јувентус е завршен.
Потоа Џиџоне им се обрати на навивачите на социјалните мрежи:
„Секој почеток има и крај. Дојде крајот на вториот дел од мојата кариера во Јуве. Одлуката е донесена. Зрело ја донесов во текот на неколку месеци. Но не беше лесна. Зошто тешко е да се прекине врската со ова место.
Тука е мојата историја, мојата радост, моите солзи, мојот дом. Но знам дека дојде време.
Немам зборови да ви ја опишам мојата благодарност. Јас дадов се, а добив уште повеќе. Дојде време и за тоа ќе напишам книга. И ќе живееме. Засекогаш до самиот крај.“
Во среда Буфон ќе брани од старт на мечот против Сасуоло. Овој натпревар ќе биде осми сезонава за него во Серија А. На седумте претходни Џиџи три пати ја сочува својата мрежа, а на четирите останати не прими повеќе од еден гол.
Сезонава Џанлуиџи стана рекордер на вечната листа играчи со најмногу настапи во Серија А. Стигна до 650 одиграни средби, а 7 од 10 негови соиграчи уште не биле родени кога Буфон дебитирал во Серија А уште во 1995-та.
Буфон одигра и 4 меча во Купот на Италија сезонава (2 без примен гол) а него совладаа ниту на гостинскиот меч со Барселона во Лига на шампиони (0:3 за Јувентус).
Некогашниот светски првак со Италија од 2006-та стана прв голман кој не примил погодок во Лига на шампиони четири различни децении (1990-те, 2000-те, 2010-те и 2020-те).
Четворица фудбалери кои стартуваа за Барса на тој дуел со Јувентус уште не биле родени кога Буфон играше за Парма во Лига на шампиони во 1997-ма. Во 1997-ма првпат не прими гол во ЛШ на мечот Спарта Прага - Парма (0:0). Во 2001 на дуелот Порто - Јувентус (0:0), во 2012 на средбата Јувентус - Нордсјеланд (4:0), а во 2020-та против Барселона на „Камп Ноу“ (0:3).
Но сезонава често го гледавме на клупата за резерви што не е баш така вообичаено и некако не му стои, иако за волја на вистината веќе одамна е во поодминати фудбалски години.