На документарецот кој излезе вчера, ќе може да се видат ексклузивни снимки, а една од нив е од реванш осминафиналниот натпревар во ЛШ, меѓу Јувентус и Порто.
На првиот Јуве загуби 2:1, а потоа дома губеше 0:1 на полувреме. Роналдо влегува во соблекувална и вика по сите. Хуан Квадрадо е единствен кој влегува со него во дискусија, а ситуацијата ја смирува Андреа Пирло.
„Какво е ова срање, не играме ништо. Ништо, ништо. Срање, играме срање секогаш“, вика нервозниот Роналдо.
„Треба да бидеш пример за сите“, му враќа Хуан Куадрадо.
„И јас се вклучувам. Не играме ништо, треба да се каже вистината. Ова е натпревар од ЛШ и треба да се има карактер“, враќа Роналдо.
„Ајде доста. Доста Кри, доста Хуан“, им вели Пирло.
Со двата гола на Киеза, Јувентус направи пресврт, но не успеа да го елиминира Порто во продолженијата. Гостите израмнија преку Оливеира во 115-та минута, а 2 минути подоцна Рабио ги постави конечните 3:2, недоволни за четвртфинале.
Авантурата на Кристијано Роналдо со тоа заврши во Јувентус после три елиминации во нокаут фазата од ЛШ. Претходно не успеаа да ги минат Лион во осминафинале и Ајакс во четвртфинале.
Трејлер за серијалот