Јувентус во Лига Европа звучи необично, ама може многу лесно да се оствари и тоа да биде наслов во сите спортски медиуми за точно две недели, односно на 23 мај.
Шамарот од Милан (0:3) ги бутна на позицијата број 5, скроз неочекувана и непосакувана за ниту еден навивач на Јувентус.
На три кола до крајот на сезоната, каде познато е дека Интер е шампион, а Парма и Кротоне се второлигаши, ситуацијата за ЛШ изгледа вака: Аталанта и Милан 72 бода, Наполи 70, Јувентус 69, Лацио 64 (-1).
Од овој момент ништо не е едноставно и лагодно за 36 кратниот првак на Италија.
Замислете, ова му се случува на најмоќниот клуб во Италија кој 9 години по ред беше на тронот, кој ги помести границите во Серија А давајќи му 30 милиони евра годишно на Роналдо, кој го има воопшто човекот кој се вика Кристијано Роналдо и кој во едно лето ја засили напаѓачката навала со Мората, Кулушевски и Киеза.
Згора на сè им се заканува Лига Европа во моменти кога нивниот газда заедно со Флорентино Перез посакуваа/т да се отцепат во своја елитна лига.
Тешко и тензично ќе биде до крај и пред сè многу неизвесно, затоа што на никој нема да му биде едноставно. Се чини дека на Наполитанците распоредот им е најлесен, бидејќи имаат два меча дома против екипи кои се спасени и гостување против Фиорентина која исто така е блиску до опстанок.
Милан и Аталанта сигурно посакуваат 6 бода во следните две кола за да го избегнат стресот во последно во кое имаат меѓусебна битка, која можеби ќе решава, а може и не, во зависност какви ќе бидат резултатите во 36-то и 37- коло.
Јувентус немаа воопшто едноставна задача. Имаат две гостувања против екипи кои не се наивни, а дома го пречекуваат новиот шампион на Италија кој ќе игра за престиж.
Постои можност Јуве да не може да ја избегне петтата позиција и со 3 од 3. Зависат и од себе, но и од другите. Ќе биде драма и пол до крај.
36. коло
Наполи – Удинезе
Аталанта – Беневенто
Сасуоло – Јувентус
Торино – Милан
Лацио - Парма
37. коло
Џенова – Аталанта
Јувентус – Интер
Рома - Лацио
Фиорентина – Наполи
Милан – Каљари
38. коло
Болоња – Јувентус
Сасуоло – Лацио
Аталанта – Милан
Наполи – Верона
Лацио – Торино (Одложена која ќе се одигра на 18 мај)