Обвинителството ги соопшти првичните казни кои ги побара на рочиштето на Националниот федерален суд на (FIGC) при фудбалската федерација на Италија.
Се работи за суспензии со кои би биле оневозможени да вршат било каква фудбалска функција. Најголема се бара за поранешниот директор на Јувентус, Фабио Паратичи кој сега работи во Тотенхем.
Казните за клубовите се парични.
Фабио Паратичи: 16 месеци и 10 дена
Федерико Керубини: 6 месеци и 20 дена
Андреа Ањели: 12 месеци
Павел Недвед, Енрико Велано, Паоло Гаримберти, Асија Грациоли Вениер, Маурицио Аривабене, Кејтлин Мери Хјуз, Даниела Марилунго, Франческо Ронкаљо: 8 месеци
Јувентус: Парична казна од 800.000 евра
Вториот обвинет клуб е Наполи, каде најголема казна се бара за сопственикот, а потоа и членови на неговото семејство.
Аурелио Де Лаурентис: 11 месеци и 5 дена
Жаклин Мари Баудит, Едоардо Де Лаурентис, Валентина Де Лаурентис: 6 месеци и 10 дена
Андреа Кијавели: 9 месеци и 15 дена
Наполи: Парична казна од 392.000 евра
Инаку од летото 2021-ва осомничените биле прислушкувани по налог на обвинителството, а случаите против нив се водат по четири точки:
- Нарушување на законот за одговорност на компаниите
- Корпоративни правни престапи
- Лажирање на сметководствени извештаи
- Издавање фактури и други документи за непостоечки трансакции
Истрагата почнала откако Комисија за финансиски надзор на фудбалските клубови утврдила дека поднесуваат спорни финансиски извештаи.
Останатите клубови и раководства за кои се бараат казни се Сампдорија, Џенова, Емполи, Парма, Пиза, Пескара, Киево, Новара и Про Верчели.
Подетално за матните финансиски игри на Јувентус тука.