Јувентус беше доминантен, но Интер победник со гол од пенал кој два пати се изведуваше и поради кој настана хаос на крајот од првото полувреме, кое се играше 55 минути.
Во 44 минута Мората со копачка го нагази Думфрис, а судијата досуди пенал со помош на ВАР. Шчесни му ја фати на Чалханоглу, но веднаш налета на топката, заедно со уште тројца играчи на Јуве од кои Данило од одбиена си ја заби во гол.
Домаќините бараа фаул во напад од Чалханоглу, но Ирати одлучи да го понови пеналот со образложение дека Де Лихт прерано влетал во шеснаесетник за време на изведувањето.
На белата точка повторно застана Турчинот кој пак се реши да бие на истата страна, но овој пат успешно. 10 минути траеше судиското продолжение во првиот дел.
Пенал бараа и домаќините за овој старт на Бастони врз Закарија, но газењето се испостави дека не е во шеснаесетник.
Фудбалерите на Јувентус извршија притисок за пенал и за овој дуел на кој може да се забележи глума на Де Лихт.
Исто како и на Влаховиќ
За издвојување е и дуелот на Барела против тројца
Инаку Јувентус пропушти многу шанси. Кјелини ја погоди пречката, а Закарија стативата, кои ќе ги видите на видеото. Вкупно 23 удари имаа наспроти 5 на Интер.
Ова е прва гостинска победа на Интер над Јуве по пауза од 10 години.
2008/09 - Inter have remained unbeaten in both the seasonal Serie A meetings against Juventus for the first time since the 2008/09 campaign, winning their first away top-flight match against the Bianconeri since November 2012. Resistance.#SerieA #JuveInter pic.twitter.com/s63gqGkmth
— OptaPaolo 🏆 (@OptaPaolo) April 3, 2022
Рабио на Инстаграм напиша дека тешко е да се игра 11 на 12, напаѓајки го судијата.
Спектакуларна увертира на дербито на Италија со хит од Џон Ленон