Финале со брзи пресврти, вар ситуации, два пенали за Интер, црвен за Алегри и пред сè отворен фудбал со многу шанси и 6 голови.
Нероаѕурите поведоа брзо по само 7 минути игра со мајсторскиот гол на Барела, а Алекс Сандро и Влаховиќ направија екстра брз пресврт во 50-та и 52-ра минута.
Продолженијата два пати по 15 минути ги најави Чалканоглу од пенал на 10 минути до крајот.
Публиката на Олимпико во Рим кој крцаше со 70.000 навивачи, гледаше нов брз пресврт, овој пат за 3 минути во 99-ра и 102-ра минута кој го приреди Перишиќ прво од 11 метри, а потоа со бомбастичен удар.
Го издвојуваме голчиштето на Барела
И она на Перишиќ
Црвениот картон на Алегри
За Интер ова е осми трофејот во Купот на Италија и прв после 11 години, а за Симоне Инѕаги втор како тренер. Првиот го освои со Лацио сезоната 2018/2019.