Навивачите излегоа со дрско соопштение во кое удираат со силни критики кон капитенот Леонардо Бонучи, а потоа и кон управата.
Велат дека ваквите извинувања на старт на сезона и пред сите се апсурдни и дека има друг начин како тоа да се направи.
„Сведоци сме на сцени кои не ги разбираме и кои не тераат на смеење или подобро кажано СМЕШНИ СЦЕНИ смислени од некој што се претставува како лидер, а се однесува како жртвено јагне. Бонучи НИКОГАШ НЕ БИЛ ЛИДЕР И НЕМА НИ ДА БИДЕ ниту во Интер, Тревизо, Пиза, Бари, Милан, а не па во Јувентус и тој е како сите останати кои го опкружуваат.
Во овие специфични моменти на општа конфузија меѓу играчите, клубот и трибината, постои момент на тотална анархија, каде секој стои како познавач, шеф, лидер, без да има харизма, а ниту познавање за оние кои со години ја знаат атмосферата.
Ако постои хиерархија, ќе постои и причина. Добар војник не значи дека е и добар водач. Да се носат играчите како жртвени јагниња под трибина, каде ги свират и плукаат, на еден месец од стартот на сезоната Е ЕДНОСТАВНО АПСУРДНО.
Кој знае овие играчи со кого разговараат и кои им кажува да прават работи кои се надвор од нивната професија и знаење. Само полошо им правите на вашите соиграчи и на тимот на секој тренер, помошник и неспособен функционер.
Улогата на ултрасите (оние вистинските) е да го поддржуваат тимот се додека е тоа можно. За протести и извинувања драги мои има време до крајот на сезоната.
Ако вие (некои од играчите) сте креатори на оваа нечистотија, треба да се срамите, ако пак го правите тоа од незнаење или за лични цели, застанете и знајте дека го грешите начинот, тајмингот и соговорниците.
Ако имавме нешто да ви кажеме, ќе го направивме тоа директно во очи, како што сме го правеле тоа во минатото, НЕ НА ТЕРЕН ПРЕД ПРОТИВНИКОТ СО СВИРЕЖИ И НАВРЕДИ, правејќи ве смешни и слаби.
Кој го носи дресот на Јувентус, ја наведнува главата само пред својот народ, а не пред сите, ВКЛУЧУВАЈЌИ ГИ МЕДИУМИТЕ. Доволни се погледите од терен кон трибина и формалниот поздрав со кренати раце за да разбереме дека се извинувате.
И за крај, не преземајте вина која ја има и за која треба да одговори само неспособната управа.
Секогаш и само за љубов за дресот на Јувентус.