Душан Влаховиќ се врати на Артемио Франки после 43 дена, ама во дресот на Јувентус, што за навивачите на Фиорентина е нешто неподносливо, со оглед на големото ривалство.
Виолетовите жалат за резултатот бидејќи одиграа добар натпревар против фаворитот и бркаа победа пред реваншот во Торино.
Во судиското продолжение Лоренцо Венути си постигна автогол, а камерите ја уловија реакцијата на Влаховиќ кој покажа човечност и прв го утеши и покрај тоа што претрпе жесток пречек со свирежи и навреди.
„Фудбалот не е војна, туку е спорт и вакви сцени никогаш не се доволни“, стои во статусот на еден италијански новинар.
Il calcio è uno sport, non una guerra. Esempi come questi non sono mai abbastanza #Vlahovic #Venuti #CoppaItalia #FiorentinaJuventus pic.twitter.com/8dNcSElqjO
— Mirko Nicolino (@mirkonicolino) March 2, 2022
How Vlahovic's warm-up ended. 💥
— Lorenzo Bettoni (@LoreBetto) March 2, 2022
Incredible atmosphere.#FiorentinaJuve #CoppaItaliaFrecciarossa #Vlahovic pic.twitter.com/0SeXimGC1v
Српскиот напаѓач изминативе две сезони блескаше за Фиорентина и постигна 41 гол, но навивачите не можат да му простат за трансферот и го етикетираат како предавник.
Му подготвија огромна кореографија во која инспирирани од делото на Данте Алигери му порачаа дека поради предавството ќе оди во посебен круг во пеколот.
Автоголот на Венути со кој Јуве славеше 0:1